Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбојка: Македонија ја порази Данска за ново финале во Европската лига

0
By Нова ТВ on July 1, 2017 СПОРТ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 1, 2017 21:46

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра во трето финале во низа во Европската лига. „Црвено-жолтите“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Гентофте ја поразија домашната селекција на Данска со 3:2 (по сетови: 19:25, 20:25, 25:14, 25:20, 15:11). Ривал во утрешниот меч за титулата (19 ч.) ќе биде Украина која со идентичен резултат беше подобра од Шведска (по сетови: 23:25, 25:19, 25:16, 22:25, 18:16).

Данците почнаа одлично, успеаја до водство со 2:0 и беа на праг на втора победа во шестото соочување со најдобрите македонски одбојкари. Но, наместо таквото сценарио по нивна мерка и желба, следуваше будење на неприкосновените во групната фаза што резултира со пресврт по 122 минути игра за шок и неверување меѓу навивачите на трибините.

Домашните знаеја од каде ќе доаѓа најголемата опасност по нив, но не успеаја да го запрат Никола Ѓорѓиев. Одбојкарот на полски ОНИКО од Варшава впиша 26 поени и беше вистински лидер на националниот тим иако сите до еден одиграа на ниво и покрај двата воведни сета што завршија на страна на Данска.

Македонија, конечно, се надева дека ќе успее до премиерна титула во летното натпреварување на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) по ланскиот пораз (0:3) од Естонија на завршниот турнир во Варна и од Словенија со ист резултат во финалето на Валбржих, Полска.

Европска лига 2017/Фајналфор/ Гентофте

Полуфинале

Данска – Македонија 2:3 (по сетови: 25:19, 25:20, 14:25, 20: 25, 11:15)

Украина – Шведска 3:2 (по сетови: 23:25, 25:19, 25:16, 22:25, 18:16)

Данска Европска лига Македонија Одбојка финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.