Шах: Магнус Карлсен го одбрани светскиот трон

Норвежанецот од Тонсберг го порази Фабијано Каруана од САД во мечевите за титулата во Лондон до која стигна преку брзопотезните партии, откако сите 12 без временско ограничување за потези завршија со реми

Шаховска битка во Лондон: Карлсен и Каруана во маратон за шампион

Сите 12 партии меѓу Норвежанецот и Американецот во Лондојн завршија со реми. За денеска се предвидени четири брзопотезни партии. Ако и по нив е нерешено ќе се оди на пет серии по два блиц меча, па доколку победник сè уште нема, за титулата ќе решава т.н. „Армагедон игра“. Едно е сигурно. Шаховскиот свет го очекува долг и напорен ден во кој можеби ќе нема победник на партија, но, секако, ќе има шампион