Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шах: Магнус Карлсен го одбрани светскиот трон

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 СПОРТ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 30, 2018 02:54

Магнус Карлсен продолжува да доминира во светскиот шах. Норвежанецот од Тонсберг го порази Фабијано Каруана од САД во мечевите за титулата во Лондон до која стигна преку брзопотезните партии, откако сите 12 без временско ограничување за потези завршија со реми.

Старо-новиот светски шаховски шампион имаше прилика да слави и, со фудбалски речник, регуларниот дел. Во 12. партија имаше подобра ситуација на таблата и предност во време во однос на предизвикувачот меѓутоа понуди реми на општо изненадување на присутните во салата, на аналитичарите и на самиот Каруана.

Таквата негова одлука се покажа исправна иако впечаток беше дека го загуби статусот на фаворит во доигрувањето. Го доби првиот меч во тај-брејкот по што поведе и со 2:0, откако искористи голема грешка на неговиот ривал од САД. Каруана беше докрајчен со агресивна игра веќе во третата партија и покрај тоа што на Карлсен му беше доволно и реми во трите наредни надмудрувања на таблата.

За одбранетата титула, Карлсен е награден со над еден милион долари додека Американците ќе мора да причекаат до некоја наредна прилика да поздрават прв нивни сонародник со светска шаховска титула по Боби Фишер во 1972 година.

Магнус Карлсен Титула Фабијано Каруана финале Шах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.