Од грч до хепиенд: Македонија ја пречкрта Словенија на ракометното ЕП

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора

Червар: Ми доаѓа да се радувам за победата и да плачам за Кузмановски

Металург го совлада Татран Прешов со 26:20 во ракометната Лига на шампиони. Четвртата победа на тимот од Автокоманда во групната фаза падна во сенка на скршеницата на Филип Кузмановски во воведната минута од средбата