Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар: Ми доаѓа да се радувам за победата и да плачам за Кузмановски

0
By Нова ТВ on November 27, 2016 СПОРТ
Фото: rkmetalurg.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 27, 2016 21:15

Скап цех плати Металург во триумфот против Татран Прешов во групата Ц во Лигата на шампиони во ракомет. Тимот од Автокоманда го совлада словачкиот состав со убедливи 26:2о и со половичен ефект (4 победи и 4 порази) се вивна на третата позиција на табелата, веднаш зад Монпелје и Ла Риоха. Но, она што фрли дамка на конечниот резултат на металурзи е скршеницата на раката со која шутира Филип Кузмановски уште во воведната минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец, со солзи во очите, веднаш беше превезен во болница каде доби гипс, а по третманот се врати во ВИП арена „Борис Трајковски“ да ги бодри своите соиграчи. Тие му возвратија на најдобар можен начин, одиграа за него за барем мало ублажување на болката што ја чувствува. Тренерот Лино Червар по мечот призна дека ситуацијата со Кузмановски е голе хендикеп и за Металург и за националниот тим што во јануари го очеккува настап на светското првенство.

„Честитки до моите момчиња кои и покрај шокот на почеток на средбата успеаја да победат. Затоа ми доаѓа да се радувам, но од друга страна ми се плаче за Кузмановски. Неговата повреда е голем хендикеп и за клубот и за репрезентацијата. Штета што овој триумф беше без него. Искрено се надевам дека Господ ќе се смилува, дека брзо ќе закрепне и ќе биде на располагање на репрезентацијата“, рече Червар по средбата.

Талески повторно беше во елемент. Постигна 10 гола против екипата од Прешов и заврши како најефикасен поединец на мечот, Гуглета и Обрадовиќ по пет пати се запишуваа во листата на стрелци. Предводник на поразената екипа беше Рабек со шест погодоци. Во наредното коло, последно за 2016 година, Металург ќе гостува на Ла Риоха на 3 декември (сабота).

Металург – Татран Прешов 26:20 (11:10)

ВИП арена „Борис Траовски“: Гледачи: 3.500. Судии: Радојко Бркиќ (Австрија) и Андреј Јусуфхоџиќ (Австрија).

Металург: Арсиќ, Томовски, Дупјачанец, Петров, Дрогришки 1, Костески, Обрадовиќ 5, Кузмановски, Илиќ 3, Печенковски, Талески 10, Велковски, Пешевски 2, Палевски, Гуглета 5, Арсеновски. Тренер: Лино Червар.

Седмерци: 1/4. Исклучувања: 4 минути

Татран Прешов: Бражник, Чарапкин, Рабек 6, М. Сарпатаки, Хуменански, Хрстка 2, Крок 2, Садовиј, Л. Сарпатаки, Урбан 1, Пешков 3, Вучко 3, Јанковиќ, Палес, Чуприна 2. Тренер: Растислав Тртик.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 минути

 

Лига на шампиони Металург ракомет Татран Прешов Филип Кузмановски Филип Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.