Browsing: фудбал

Серхи Роберто го комплетира подвигот на Каталонците во петтата минута од судиското продолжение за четврт-финале во ЛШ. Два гола дотогаш постигна Нејмар, по еден Суарез и Меси и автогол на Курзава. Почесниот за „светците“ го даде Единсон Кавани. Борусија Д. ја елиминира Бенфика со 4:0

Понудата на челниците на бундеслигашот се однесува на 18 фудбалери на Томас Тухел што ќе бидат во комбинација за мечот или во превод значи 1,8 милиони евра како награда во случај на посакуван резултат. Португалците имаат 1:0 по првата средба во Лисабон

Фудбалската асоцијација на Англија го казни напаѓачот на Манчестер јунајтед со „ладење“ против Челзи во четврт-финалето во ФА купот и против Мидлсборо и ВБА во Премиерлигата. Швеѓанецот се враќа за Ростов во Лига Европа

Ваквиот став на генералниот директор на клубот доаѓа како реакција на неодамнешната вест дека тренерот на бјанконерите, наводно, ги договорил детаљите за преземање на Арсенал по завршување на сезоната. Притоа е изразено задоволство од работата со првата екипа, резултатите и титулите што ги освои во изминатите две сезони

„Лисиците“ триумфираа против Хал со 3:1 и за првпат по 17 настапи добиваат натпревар во кој први примаат гол. Кикс на Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ ремизираа со Борнмут (1:1) иако игра со фудбалер повеќе во цело второ полувреме во кое промашија и пенал

Напаѓачот на Атлетико М. имаше стравичен пад во мечот со Депортиво ла Коруња во четвртокот. По воздушен дуел со домашниот фудбалер Алекс Бергантинос, Торес удри со глава на тревникот и првичниот впечаток беше лош, но опоравувањето беше побрзо од очекуваното

Португалецот притоа го нагласи задоволството на луѓето при средбите со него и за добрите односи што ги има и негува о фудбалерите. Но, не исклучи можост за заминување на Вејн Руни од Манчестер јунајтед на крај на сезоната