Browsing: фудбал

Сопственикот на клубот заедно со една од неговите ќерки, двајца пилоти и сè уште неидентификувано лице биле во леталото што се урна во непосредна близина на „Кинг Пауер“ стадионот по мечот со Вест Хем во англиската Премиерлига. Хеликоптерот, според англиските медиуми, се подигнал нормално, достигнал височина од 200 стапки (околу 60-70 метри) по што одеднаш почнал да паѓа и за неколку секунди се претворил во огнена топка

„Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа, овојпат над Спартак во Трнава со 2:1, и за првпат по 1970 година ќе презимат во УЕФА натпреварување. Триумф на гости славеше и Бобан Николов со Види МОЛ над ПАОК (2:0). АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Фенербахче со Елмас ремизираа со Лудогорец, односнно, Андерлехт додека Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски загуби од Арсенал со 0:1 

Борусија си поигра со составот на Диего Симеоне и го испрати од „Сигнал Идуна Парк“ со 4:о во меч од третото коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Анхел ди Марија во 93. минута спречи сензационална победа на Наполи против ПСЖ – 2:2

„Старата дама“ ги заведе „црвените ѓаволи“ и ги совлада со 1:0 во мечот од третото коло во групата Х, Рома и Манчестер сити победија со 3:0 против ЦСКА Москва, односно, Шахтјор Доњецк, Реал М. неубедлив со Викторија Плзен (2:1), голеада во Германија – Хофенхајм и Олимпик Лион одиграа 3:3

Баварците се мачеа еден час, но завршија работа во само две минути за триумф над АЕК со 2:0, Јанг Бојс ремизира со шпанскиот ривал (1:1) иако Швајцарците, според играта во второто полувреме, ги заслужија трите бода

Легендарниот аргентински фудбалер и истовремено еден од најконтроверзните ликови во фудбалскиот свет боледува од артроза, хронична и дегенеративна болест на зглобовите што е главна причина за исчезнување на ‘рскавицата во колената

Документот е потпишан од адвокатите Ерик Дипон Морети и Антоан Веа со целта за идентификација и казнување на одговорните за лажните обвинувања за местење на мечот со ПСЖ во фудбалската Лига на шампиони