Browsing: фудбал

По убедливите 3:0 на „Ред Бул“ арена во првата средба, австрискиот првак го совлада македонскиот со 1:0 и во реваншот во Скопје за продолжување на патот кон клупската елита на стариот континент. Стрелец на единствениот гол на „Филип Втори“ вечерва беше Андре Рамалјо во 90’+2’ минута. Простор за очајување нема од причина што тетовци ги очекува бараж двомеч со подобриот од Рознеборг и Корк Сити за групна фаза во УЕФА Европа лигата

Ова го тврди Ернесто Кастилјо, спортски коментатор во земјата на „гаучосите“. Според него, ѕвездата на Барселона нема донесено одлука за дефинитивен крај на кариерата во националниот туку решил само да „олади глава“

Баварците го декласираа Ајнтрахт во Суперкупот со 5:0 и тоа на неговиот стадион во Франкфурт. Главна ѕвезда на тревникот беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец го постигна првиот хет-трик во историјата на натпреварот

„Граѓаните“ славеа на „Емирати“ со 2:0 и најавија дека одбраната на титулата е нивни врвен приоритет во новата сезона. Ливерпул ја забележа 500. победа во Премиерлигата во мечот со Вест Хем (4:0)

Довчерашниот тренер на Ренова е прв и засега единствен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски во македонската Куќа на фудбалот. Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на ФФМ, со одлука на УО од 31 јули, е закажана за 1 септември

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Лестер со 2:1 во увертирата на новата сезона. Погба во третата минута од пенал и Лук Шо во 83. минута погодија за тимот на Жозе Мурињо, Варди го постигна единствениот за „лисиците“ во судиското надополнување

Српскиот првак одигра 1:1 во Белград против словачки Спартак, па патникот во плеј-офот ќе биде познат по реваншот во Трнава наредната недела. Хрватскиот претставник, пак, славеше во Казахстан против Астана со 2:0 за формален реванш на „Максимир“

Чуварот на мрежата на Атлетик Билбао се сели на „Стемфорд бриџ“ како замена за Тибо Куртоа кој е се позивесно дека ќе продолжи во Реал Мадрид. „Сините“ за Баскиецот ќе платат десет милиони евра повеќе од сумата што Ливерпул ја искешира на Рома за услугите на Алисон Бекер