Browsing: фудбал

Два гола за рускиот премиерлигаш постигна Александар Кокорин, по еден реализираа Артем Ѕјуба, Бранислав Ивановиќ и Емилијано Ригони. „Црвено-црните“ во второто коло му гостуваат на Розенборг на 28 септември (19 ч.)

„Црвено-црните“ вечерва по континуитет на одличната резултатска низа на домашен терен ова лето. Мечот на „Телеком арена“ е со почеток во 21,05 часот. Покрај дуелот во Скопје, групата Л во ЛЕ, носи и пресметка во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Розенборг

„Граѓаните“ убедливи во Холандија против Феенорд со 4:0, „кралевите“ со три гола до три бода против АПОЕЛ на „Сантијаго Бернабеу“, Тотенхем на „Вембли“ ја совлада Борусија Д. со 3:1. По два гола во победничките екипи на Џон Стоунс, Кристијано Роналдо и Хари Кејн

Со документот што е задолжителен се предвидуваат и низа погодности за навивачите како влез во Русија без виза, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз на денот на одигрување на мечевите. Продажбата на влезниците за мундијалот ќе почне во четврток и ќе трае до 15 јули догодина кога е закажано големото финале

Лондонските „сини“ го декласираа дебитантот во елитата со 6:0, париските „светци“, пак, во Глазгов ја понижија шкотската гордост Селтик со 5:0. Победи по 3:0 на Манчестер јунајтед, на Барселона и на Баерн Минхен. Рома може да биде среќна со ремито без голови против Атлетико Мадрид во Рим, Стефан Ристовски дебитира за Спортинг Лисабон во триумфот над Олимпијакос во Пиреја со 3:2

Менаџерот Јирген Клоп ќе мора без сенегалскиот напаѓач против Барнли и против Лестер во Премиерлигата и во еден натпревар во англискиот Куп. Едерсон, според информациите од таборот на „граѓаните“, го одработи денешниот тренинг и најверојатно ќе биде прва опција за тренерот Пеп Гвардиола во мечот со Феенорд во Лигата на шампиони

Со осумте вечерашни дуели во групите А, Б, Ц и Д стартува новата сезона во елитното фудбалско натпреварување на стариот континент. „Територијата“ ја брани екипата на Реал Мадрид кој, според Кристијано Роналдо, ќе има најголеми ривали во Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ и Барселона. Стефан Ристовски преку Спортинг Лисабон единствен македонски претставник

По четирите порази во исто толку одиграни мечеви во новата сезона, Холанѓанецот стана менаџер со најкраток стаж во екипа во историјата на Премиерлигата. Претходно не се прослави ниту во Интер, а британските медиуми пишуваат дека негов наследник на клупата ќе биде Рој Хоџсон

Правда ќе дели Јакоб Келет (38) со асистенција од сонародниците Хенрик Ларсен и Хајне Соренсен крај аут линиите и Микел Тикгард и Јенс Мае зад головите. Ларс Рикс како четврти судија ќе биде задолжен за замените и екстра времето