Browsing: фудбал

Лондонските „сини“ го поразија Лестер на неговиот „Кинг Пауер“ стадион со 2:1, „топчиите“ на Венгер убедливи против Борнмут со 3:0, резултат со кој и Тотенхем го совлада Евертон на „Гудисон парк“. Манчестер сити, пак, го потопи Ливерпул на „Етихад“ со 5:0

Тимот од Градски во „пет до 12“ од летниот преоден рок го комплетира ангажманот на 19 годишниот напаѓач од албанскиот прволигаш од Корча. Од таму претходно пристигна и Бразилецот Сержо Антонио да Луис Жуниор (23). Меѓу „црвените“ пристигнаа и Ерменецот Вардан Погосјан, повремениот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ и Флоријан Кадриу

По три ипол годишна соработка клубот се раздели со Саша Илиќ, во клубот остануваат Александар Васоски (асистент), Александар Влахо (анализа и скаутирање) и Михајло Костиќ (кондициски тренер). „Црвено-црните“ во четврток (14 септември) го дочекуваат Зенит од Санкт Петербург во првото коло од групата Л во УЕФА Европа лигата

Сириската репрезентација одигра 2:2 против Иран во последното 10. коло во групата А од азиските квалификации, а во прилог ѝ беше и ремито во Ташкент меѓу Узбекистан и Јужна Кореја (0:0) за конечно освојување на третото место на табелата. Во октомври ќе игра двомеч со Австралија, а подобриот од 180. минути ќе оди на мегдан и со четвртопласираниот тим во КОНКАКАФ зоната (Северна и Централна Америка и Карибите)

Десеттата репрезентативна пресметка со западниот сосед заврши 1:1. Роши во 53 минута погоди за гостите, Трајковски во 78 минута од пенал им донесе израмнување на момчињата во црвено на стадионот „Младост“ и резултатот остана непроменет до крај иако избраниците на Игор Ангеловски имаа неколку ситуација за водство и победа. Дуелот со Лихтенштајн во последното коло ќе биде и последна шанса за домашната победа во циклусот по поразите од Шпанија (1:2), Италија (2:3) и Израел (1:2)

Националниот фудбалски тим вечерва од 20,45 часот е домаќин на А селекцијата на западниот сосед во рамки на осмото коло во квалификациите за СП 2018. Албанците славеа во првата средба на „Лоро Боричи“ во минатиот септември со 2:1

Актуелниот светски фудбалски првак ја декласира Норвешка со 6:0, „змајчеки“ на Среќко Катанец убедливи против Литванија со 4:0, Црногорците во Подгорица ја совладаа Романија со 1:0 во деветте синоќешни дуели во УЕФА зоната за пласман на СП 2018 во Русија

Белгиските репрезентативци ја поразија Грција во Атина со 2:1 и на две кола до крај на циклусот го осигураа првото место во групата Х. Холандските фудбалери, пак, со 3:1 ја совладаа Бугарија за оживување на надежите дека можат до второто место во групата А што значи и бараж, „триколорите“ имаа фрустрирачка вечер во Тулуз против Луксембург – 0:0

Капитенот го постигна единствениот гол на „Сами Офер“ стадионот во 73 минута што за него е прв во квалификации за ЕП или СП од 2006 година, а на крајот и доволен за прв триумф над Израелците по досегашните четири порази. Националниот тим во вторник во Струмица ќе биде домаќин на Албанија во осмиот меч во мундијалскиот циклус

Националниот тим предводен од Горан Пандев и Илија Несторовски и надополнет со младите херои од Полска ќе излезе на мегдан на Израел во седмиот настап во мундијалскиот циклус кон Русија . Мечот на „Сами Офер“ стадионот почнува во 20,45 часот, термин во кој ќе играат и Шпанија и Италија на „Сантијаго Бернабеу“ во дербито во групата Г. Претходно, од 18 часот, во истата конкуренција Албанија го дочекува Лихтенштајн во Елбасан

Дејвид Бандa, 11 годишното момче кое во 2006 година го посвои во Малави, ги минал тестовите во португалскиот гигант и доби чест да биде дел од неговите млади категории. Американската пејачка неодамна платила 7,5 милиони евра за вила од 18 век во местото Синтра во близина на Лисабон

Полјаците наместо резултат за „бетонирање“ на лидерската позиција во групата Е доживеаја дебакл на „Паркен“ стадионот. Данците славеа триумф со 4:0 што можеше да биде изразен и со поубедлива разлика. Продолжува импресивната победничка серија на Германија и мундијалскиот сон на Црна Гора. Словенците поразени од Словачка во Трнава