Browsing: фудбал
Селекторот со самокритичност и извинување до целокупната јавност, навивачите и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по шокантниот пораз на младата репрезентација од Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019
За најмладата и најмала членка на УЕФА ова е прва победа во историјата во категоријата У21. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Алгарве“ во Фаро беше Грем Торилја, член на локалниот клуб Монс Калпе, во 64. минута што го прави и најефикасен во тимот кој мечевите досега ги завршуваше со нула
Словенечките медиуми пишуваат како потрагата по селектор да е завршена работа и најавуваат само формалност за официјализирање на соработката со легендата на југословенскиот и хрватскиот фудбал. Популарниот Жути важи за прв пик на тамошниот сојуз, но не е единствен кандидат за клупата на „знајчеки“. Опции се и Матјаж Кек и Дарко Миланич
Српската репрезентација ја победи Грузија со 1:0 и како првопласирана во групата Д ќе игра во Русија. Небото над стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград го осветли неколкуминутен огномет за враќање на националниот тим на мундијалската сцена по пауза од осум години. „Коцкестите“ во директен дуел во Киев ја совладаа Украина со 2:0 и се извадија за киксот против Финска во петокот. Исланд за првпат во историјата ќе игра на СП
Првенци во сениорската репрезентација на Висар Муслиу и Енис Барди, нова реализација на Александар Трајковски што беше копија на онаа против Италија во Торино во петокот и кам-бек со гол на Аријан Адеми. „Црвено-жолтите“ го завршија циклусот како петтопласирани во групата Г со 11 бода (три победи, два нерешени исхода и пет порази), директен пласман на мундијалот во Русија осигура Шпанија, Италија ќе игра бараж
„Црвено-жолтата“ фудбалска репрезентација одигра 1:1 против четирикратниот светски првак во Торино за изненадување на вечерта во претпоследното коло од квалификациите за СП 2018. Кјелини во 40 минута обезбеди водство за „азурите“, Трајковски во 77. го поништи и дефинитивно го исфрли составот на Џан Пјеро Вентура од трка за првото место во групата Г
Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37. Веќе во понеделник ќе следува гостување во Португалија кај селекцијата на Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019
Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда во моментов, Нејмар, ги критикуваше условите за игра на Естадио Ернандо Силес во Ла Паз, по…
Барселона ќе биде принудена да одлучи во која фудбалска лига ќе настапува ако Каталонија стане независна република, изјави претседателот на…
Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица. Првиот тренинг без Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, во тимот се враќа Адис Јаховиќ
Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку
Тимот на Жозе Мурињо го декласира Кристал Палас со 4:0, резултат со кој и Тотенхем славеше на гостувањето кај Хадерсфилд















