Browsing: фудбал
„Старата дама“ како домаќин го совлада Кротоне со 3:0 за втора титула во сезона по освоената во Купот на Италија, „Бјанконерите“ ќе имаат можност и за трета против Реал Мадрид во финалето на ЛШ на 3 јуни во Кардиф. Тимот на капитенот на репрезентацијата на Македонија останува во елитата по победата над Торино со 2:1
Херој на стадионот „Фолкспарк“ беше српскиот репрезентативец Филип Костиќ со гол и асистенција за пресврт и еуфорија на трибините на крајот. Волфсбург со поразот падна на 16 место и ќе игра плеј-аут за опстанок. Обамејанг со два гола против Вердер го престигна Роберт Левандовски и сезоната ја завршува како најдобар стрелец во Бундеслигата
Вкупниот трошок на зафатите во објектот што е целосно климатизиран се проценува на 122 милиона долари. Гледачите во него ќе може да уживаат во спортските претстави на темперетура од 24 степени Целзиусови што во тек на годината ќе се движи меѓу 24 и 28 степени. Денеска во него се игра финалето на Купот на Емирот, а во 2019 година ќе има и СП во атлетика
Францускиот репрезентативец за кого е заинтересирана пола Европа дава предност на италијанскиот првак во мечот за титулата на 3 јуни во Кардиф. Неговиот Атлетико во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид
Репрезентативецот на Гана е награден со нов договор за игрите во Примера во оваа сезона. Во 29 меча постигна 10 гола што беа доволна препорака за управата на клубот да го врзе на подолг рок
Од шведскиот фудбалски сојуз тврдат дека на член на тимот од Стокхолм во вторникот му била понудена голема сума на пари да „помогне за пораз на неговата екипа“. Натпреварот беше закажан за попладнево во 19 часот
„Кнезовите“ на „Луј Втори“ го поразија Сент Етјен со 2:0 и на едно коло до крајот на сезоната имаат недостижни шест бода повече од ПСЖ на второто место
„Бјанконерите“ во финалето на „Олимпико“ го совладаа Лацио со 2:0 со головите на Алвеш во 12 минута и на Бонучи во 24. Покрај титулата во Серија А, тимот на Алегри е пред шанса и за тројна круна
По цели 16 години, битолскиот тим повторно се закити со трофејот. Пелистер победи во 25-то финале на фудбалскиот Куп на…
Тетовци се бранители на тронот, но гледаат и шанса за спас на сезоната кога веќе ја загубија првенствената битка со Вардар. Битолчани, пак, посакуваат реприза од 2001 година кога прв и единствен пат засега го подигнаа пехарот. Финалето е попладнево (17 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица
„Сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ славеа со 4:3 против расположениот Вотфорд на Валтер Мацари во заостанатиот натпревар од 28 коло. Шампионската прослава е закажана за недела по средбата по формалните 90 минути против отпишаниот Сандеренд
Толку, наводно, загубил капитенот на Манчестер Ј. пред гостувањето кај „спарси“ во Премиерлигата, но тешко дека хазардерскиот излет ќе се одрази негативно врз неговиот семеен буџет од причина што неделно заработува 310.000 евра на „Олд трафорд“. Не се одрази ниту врз играта со оглед дека го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во поразот со 2:1 на „Вајт Харт Лејн“















