Browsing: фудбал
Аргентинецот важи за легенда во новата ерата на „граѓаните“, а според англиските медиуми веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата на Островот. Најконкретен, како што пишуваат, е Вест Хем
Желбата на „Сантијано Бернабеу“ е задржување на Французинот на кормилото до 2020 година. Соработката како што наведува весникот се очекува да биде продолжена по финалето во ЛШ на 3 јуни
Евентуално освојување на трофејот на 24 мај во Стокхолм против Ајакс, според Португалецот, би било и совршен крај на тековната сезона за „црвените ѓаволи“ со оглед дека се шести на табелата во Премиерлигата на три кола до крајот на првенството
За титулата во елитното натпреварување во Кардиф на 3 јуни играат Реал Мадрид и Јувентус, девет дена претходно во Стокхолм ќе се пресметаат Манчестер Ј. и Ајакс во вториот европски фудбалски ранг. Победниците од двата меча ќе се судрат на 8 август во Скопје за трофејот во континенталниот Суперкуп
„Отровните стрели“ на ирската фудбалска легенда доаѓаат во пресрет на реванш полуфиналниот дуел на „црвените ѓаволи“ против Селта во Лига Европа. Олимпик Лион, пак, е домаќин на Ајакс во вториот дуел на вечерашниот репертоар
Португалецот е уверен дека Реал М. го елиминира Атлетико М. на искуство, Диего Симеоне истакна дека е горд на своите фудбалери и покрај елиминацијата во полуфиналето во Лигата на шампиони
Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба
Функцијата, според најавите, ќе ја преземе на крајот на сезоната по завршување на обврските кон Фенербахче чиј тренер е во моментот. Негов асистент во работата со националниот тим ќе биде Руд Гулит
„Старата дама“ влегува во вечерашниот реванш со предност од 2:0 од првата средба на „Луј Втори“. „Кнезовите“ се свесни дека ќе биде тешко, но силно веруваат дека можат до финалето во Кардиф на 3 јуни.
Скопските „црвено-црни“ ја декласираа Македонија Ѓ.П. со 6:0 и на четири кола до крајот имаат недостижни 13 бода повеќе од тетовци кои со 3:0 попладнево ја поразија Брегалница
„Црвените ѓаволи“ ја победија Селта со 1:0 во првиот полуфинален меч во Лига Европа за огромен исчекор кон финалето во Стокхолм. Единствениот погодок на „Балаидос“ беше дело на Маркус Рашфорд од слободен удар во 67 минута
Аргентинецот ги постигна двата гола за „старата дама“ во триумфот со 2:0 против Монако на „Луј Втори“, Бразилецот Дани Алвеш двоен асистент. Реванш полуфиналниот дуел е за шест дена во Торино















