Browsing: Грција

Ќе излеземе од домовите, но остануваме одговорни“, рече Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата, повторувајќи оти приоритет останува здравјето на граѓаните. Грција во меѓувреме ја има една од најниските стапки на смртност од ковид-19 на 100.000 население. Досега во земјата од вирусот заболеа 2.534 лица, 136 починаа, а излекувани се 577 лица

Нимиц напоменува дека во текот на преговорите, но и по донесувањето на Договорот на моменти имал чувство дека има граматичка улога, бидејќи сега решението за името требало да се примени во пракса, во именувањата, а особено прашањето во која форма да се користат придавките, со оглед на тоа што македонската страна изрично беше против придавката северномакедонски

Ова го истакна лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени од членови на партиската платформа „iSYRIZA“ под наслов „I ask & watch“

Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство и ги покриваат парламентарните односи со исто толку земји од Европа, од Америка, од Азија, од Африка и од Океанија. Очекувањата се дека во Групата за пријателство со Македонија ќе членуваат пратеници од сите политички партии со исклучок на т.н. „Грчко решение“ која е радикално десничарски ориентирана