Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Развој за сите“: Мицотакис од Солун најави намалување на даноците и поповолни услови за инвеститорите

0
By Нова ТВ on September 8, 2019 СВЕТ
Фото: ekathimerini.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 8, 2019 15:24

Под мотото „Развој за сите“, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на 84. Меѓународен саем во Солун ја претстави владината програма за наредните 12 месеци, соопштувајќи мерки во четири области поврзани со развојот и најави даночни олеснувања што ќе бидат вклучени во буџетот за 2020.

Тој рече дека во неговиот прв говор како лидер на опозицијата го повикал народот на „Договор за вистината“, а сега во првиот говор како премиер, ги повика Грците на „Договор за создавање, активност, резултат, обнова и за напредок“. Истакна дека земјата свртила нова страница и „тоа се гледа на лицата на граѓаните“.

„Грција не е повеќе црна овца во Европа туку е земја со самодоверба што активно учествува во европските случувања. Грцина не е земја што говори само за нејзините проблеми туку бара заеднички решенија за големите предизвици на нашиот континент. Од климатските промени и технолошката револуција до бегалското прашање и можностите на заедничка одбранбена политика“, рече Мицотакис.

Во 75-минутното обраќање, тој акцентот го стави на развојот и економијата, како клучни за секој чекор на земјата, но и услов за безбедноста и просперитетот.

„Четири области се главни и активностите ќе одат во насока за развој на даночната политика, за инвестициите, за односите на работниците и за продуктивната дигитална држава“, рече грчкиот премиер.

Меѓудругото, Мицотакис најави намалување на данокот на бизнисите од 28 на 24 отсто, пролонгирање на ДДВ-то за новите градби за три години, 40 отсто попуст за трошоците за реновирање или надградба на постоечките објекти, производите за бебиња, детските седишта и заштитните шлемови се вклучуваат во категоријата со намалено ДДВ од 13 отсто, за секое новороденче во 2020 година се планирани 2.000 евра по семејство.

Во однос на инвестициите истакна дека веќе се работи на многу бизнис планови планирани до крајот на оваа година, а најави и инвестиции во туризмот, како и нови поволни услови за инвеститорите.

„Веднаш ќе се одредат поповолни услови за привлекување стратешки инвестиции. Ќе се поедностави постапката за издавање на лиценците што се поврзани со животната средина според европските стандарди. Се олеснува и поставувањето деловни паркови. За информирање и привлекување инвеститори, ќе се формира Регистар со инфраструктура на целата земја и дигитална мапа“, истакна грчкиот премиер говорејќи во делот на инвестициите.

Тој говореше и за владината цел за заштита на вработените како и отворање нови работни места.

За четвртата област, за дигиталната реалност рече дека Грција е меѓу последните на сите дигитални индикатори, се наоѓа на 26 позиција од 28 земји членки на ЕУ и истакна дека нивна заложба е во следните четири години, Грција да се најде во просекот.

При крајот на обраќањето, во делот од говорот што се однесуваше на Северна Грција, Кирјакос Мицотакис се осврна и на промоцијата, заштитата и зајакнувањето на производите што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“.

Грција Кирјакос Мицотакис Саем Солун Хелекспо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.