Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТАНАП гасоводот како можност за конкурентни цени и алтернатива за Македонија

0
By Нова ТВ on November 30, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 30, 2019 20:10

Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП) денеска официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на границата меѓу Турција и Грција. На официјалното пуштање во употреба на системот на локацијата Ипсала/Едрене денеска присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи.

„Оваа гасна магистрала е од исклучителна важност за нас поради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас што моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конкурентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно, можноста за поевтин енергенс за граѓаните“, истакна Анѓушев.

Анѓушев уште сега го најави состанокот во Баку што е закажан во февруари во 2020 година на кој секоја од државите ќе треба да излезе со проекции за потребните количини на гас за потрошувачка.

„ТАНАП во моментот има капацитет да пренесува десет милијарди кубици гас годишно, со можност за постепено покачување на 16 милијарди кубици, а потоа и до 32 милијарди кубици годишно што е крајна цел. Потребите на Турција се проценуваат на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно што значи дека ќе има доволно гас и за земјите од Југоисточна Европа, Балканот и за Италија каде што завршува цевката“, дополни вицепремиерот за економски прашања

Важноста на проектот ТАНАП ја нотира и министерот Бектеши за кого гасоводот не е значаен само за Азербејџан и за Турција, туку и за цела Европа, а особено за дел од земјите на Балканот.

„Како Влада на Северна Македонија сме силно заинтересирани за овој гасовод имајќи во предвид дека веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП, проект на кој и ние работиме во моментот преку државната компанија „НЕР“ да го изградиме интерконекторот до Грција. Тоа ќе ја зголеми конкурентноста во нашата држава, а граѓаните и индустријата ќе имаат можност за снабдување со поевтин гас“, потенцира Бектеши.

Директорот на НЕР (Национални енергетски ресурси), Бајрам Реџепи, кажа дека овој проект е со должина од 1.850 километри поминува низ целата територија на Турција и се поврзува со ТАП на границата со Грција.

„Тој е од исклучителна важност за нашата држава бидејќи дава смисла и на нашето поврзување со ТАП бидејќи конечно ќе се поврземе со овој тек кој што доаѓа од изворите на Шар Дениз и завршува во Италија. Вкупниот капацитет е до 32 милијарди кубни метри на годишно ниво што значи дефинитивна стабилност за нашата држава во изворите за снабдување со гас“, изјави Реџепи.

Претседателите на Турција и на Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илхам Алијев во своите обраќања на свеченоста посочија дека преку овој проект, еден од највредните енергетски проекти во светот, се градат нови мостови на пријателство и можности за соработка помеѓу двете земји, но и со другите земји во регионот на Југоисточна Европа. Тие додадоа дека за реализација на проектот била потребна напорна заедничка работа, но и многу трпеливост и посветеност, како и дека со проектот ќе се обезбеди дистрибуција на азербејџански гас до европскиот континент.

Фото: thesaker.is

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа.

ТАНАП влегува во Грција од турското село Туркгозу во областа Пософ во Ардахан, откако минува низ 20 провинции во Турција – Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бајбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Џанакале, Текирдаг и Едрене. Од точката во областа Ипсала, Едрене, транс-анадолскиот гасовод се поврзува со ТАП за пренос на природен гас до европските нации.

Во Турција се лоцирани две појдовни станици за пренос на природен гас, една во Ескишехир и друга во Тракија. Со 17,6 км под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1.850 км., заедно со појдовните станици и надземните инсталации.

Азербејџан Бајрам Реџепи гасовод Грција Кочо Анѓушев Крешник Бектеши Македонија ТАНАП ТАП Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.