Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Илија Несторовски
Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута.
На крилја на македонските фудбалски репрезентативци, екипата на Палермо ја совлада Перуџа со 4:1 во четвртото коло во Серија Б и се проби до третото место на табелата со скор од две победи и два нерешени исхода
Македонскиот репрезентативен напаѓач го постигна 13. гол во оваа сезона во дресот на сицилијанците кои имаа задоцнет финиш во дуелот со Парма чии фудбалери славеа со 3:2 во последниот меч од 33. коло
Македонскиот репрезентативец беше стрелец за Палермо во последниот настап на екипата од „Ренцо Барбера“ во елитниот италијански ранг пред преселба во Серија Б. За сицилијанците настапи во 37 меча, одигра вкупно 3107 минути и постигна 11 гола
Еврогол на Бобан Николов во финишот на првото полувреме и два на Илија Несторовски во второто за очекувана и заслужена победа над Лихтенштајн во Вадуц во квалификациите за СП 2018. Напаѓачот на Палермо не реализира пенал во 90 минута. „Црвено-жолтите“ во вторник во Скопје ќе играат пријателски меч со Белорусија, на 11 јуни ќе бидат домаќини на Шпанија
Со деветтиот гол на репрезентативецот на Македонија, екипата од Сицилија го совлада Кротоне со 1:0 за трета победа во сезоната. Со ист резултат Јувентус подобар од Интер во дербито на 23 коло
Палермо води по првото полувреме на „Сан Паоло“ со 1:0 со голот на македонскиот репрезентативец во шестата минута
Македонските репрезентативци во главната улога во втората победа на екипата од Сицилија во Серија А во оваа сезона. Несторовски додаде за првиот и четвртот гол за гостите што, пак, беше дело на Трајковски
Според „Скај Спорт Италија“, клупскиот соиграч на Горан Пандев се сели на „Сан Паоло“ за сума од 18 милиони евра
Напаѓачот на Торино е прв пик за екипата на Маурисио Сари како замена за повредениот Аркадиуш Милик. Откупната клаузула на 90 милиони евра, сепак, би можела да биде главна пречка за трансферот и да биде во прилог на Несторовски
Македонскиот напаѓач денеска против Болоња го постигна седмиот гол во оваа сезона. Зад него, меѓудругите, се Бака, Бориело, Манџукиќ, Калиниќ, Дестро. Лидери засега се Белоти, Џеко и Икарди кои имаат по 10 погодоци
Несторовски како прв адут за гол на Македонија и во сабота во Гранада против Шпанија во квалификациите за СП 2018. Пандев се пожали на болки во задната ложа, но капитенот ќе биде фит за дуелот со „црвената фурија“