Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Листа на стрелци во Серија А: Несторовски колку Игуаин и Каљехон

0
By Нова ТВ on November 20, 2016 СПОРТ
Фото: repubblica.it (ansa)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 20, 2016 19:39

Илија Несторовски е на делба на четвртото место на листата на стрелци во Серија А. Денешниот гол против Болоња е седми за репрезентативецот на Македонија во екипата на Палермо колку што досега постигнаа и Гонзало Игуаин, најскапиот играч на Јувентус, и Хозе Каљехон од Наполи.

Калчолигата, моментно, има тројца најдобри стрелци. По десет погодоци имаат Андреа Белоти од Торино, Един Џеко од Рома и Мауро Икарди од Интер. Осамен на втората позиција е Чиро Имобиле од Лацио со 9 гола како и Мохамед Салах од Рома кој има 8.

Несторовски засега има ефект во дебитантската сезона во италијанското првенство каков само можеше да посака. Подобар е од напаѓачи како Карлос Бака од Милан, Марко Бориело од Каљари, Марио Манџукиќ од Јувентус, Никола Калиниќ од Фиорентина, Матија Дестро од Болоња, итн.

Со своите партии и реализации стана „слаба точка“ на сицилијанците, но навлече и внимание од далеку поамбициозните клубови во Серија А што би можело да претставува проблем за Палермо да го задржи на крајот од сезоната.

Со седумте погодоци Несторовски, несомнено, ја подигна сопствената вредност на фудбалскиот пазар меѓутоа Палермо никако да го искористи тоа и да се подигне на табелата.

„Нестогол“ дојде до израз и денеска на гостувањето во Болоња. Стрелаше во деветтата минута за предност на екипата од „Ренцо Барбера“ која на крајот, сепак, беше поразена со 3:1. По 13 одиграни кола, Палермо е втор најлош тим во Италија со шест бода, еден повеќе од Кротоне на последното место.

 

Илија Несторовски Италија Листа на стрелци Палермо Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.