Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија Б: Несторовски ја проби Парма, Палермо загуби на „Енио Тардини“

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 СПОРТ
Фото: calciomercato.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 23:03

Илија Несторовски вечерва ја прослави „баксузната“ бројка на голови во дресот на Палермо во оваа сезона. Македонскиот репрезентативен напаѓач го постигна 13. гол за сицилијанците кои, се чини, имаа задоцнет финиш на „Енио Тардини“ во последниот меч од 33. коло во Серија Б. Парма беше подобра со 3:2 и со 53 бода се проби на четвртата позиција на табелата колку што има и Бари на петтата. Хет-трик за домашните постигна Емануеле Калајо во 31. минута, во 39. од пенал и во 47. минута.

Несторовски беше во стартниот состав на тимот од „Ренцо Барбера“. Ги одигра сите 90 минути, а во листата на стрелци се впиша во 53. за намалување на негативата на Палермо во тие моменти на 3:1. Александар Трајковски го почна мечот од клупата, но остана без минутажа на гостувањето кај Парма. И покрај поразот, Палермо е трет во конкуренцијата со 57 бода, еден помалку од Фросиноне на второто место и девет од лидерот Емполи.

Несторовски постигна по еден гол претходно и во дуелите со Специја, со Перуџа, со Пескара, со Авелино, со Фоџа и Асколи додека во улога на двоен стрелец беше против Про Верчели, против Карпи и против Виртус Ентела. Во наредното коло на 7 април Палермо ќе биде домаќин на тимот на Пескара.

Илија Несторовски Палермо Серија Б фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.