Browsing: ИТФ

Најдобрата македонска тенисерка ја оправда фаворитската улога на ИТФ турнирот во Анталија што се играше за награден фонд од 15.000 долари. Таа во финалето беше подобра од финската колешка Уна Орпана со 6:4, 6:7, 6:1

Две третини од делегатите на Годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација се изјаснија позитивно по новиот проект. Завршниот турнир е планиран од 18 до 24 ноември во Мадрид или во Лил и во него ќе учествуваат 18 селекции.

Тениските авторитети со желба за воведување турнирски мундијал по урнек на фудбалот, на кошарката, на ракометот, на одбојката, на ватерполото. И тоа на сметка на натпреварување што со 118 години зад себе е едно од најстарите спортски настани во светот. Новиот проект ќе биде ставен на гласање пред 147. членки на годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација што е закажано за четврток (16 август) во Орландо, САД

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

Мерката за селекторот на Федерејшн куп репрезентацијата на Романија е за неговите недолични дофрлувања и навреди кон Џоана Конта, кон Ен Кеотавонг и кон судијата за време на априлските пресметки со Велика Британија. „Ќе видиме со каква боја ќе биде, со чоколадна или млечна“, прокоментира тогаш и за нероденото дете на Серена Вилијамс