Browsing: избори

Претседателот Пендаровски се очекува да даде одговори на прашањата кога ќе има седница на Советот за безбедност и каква ќе биде одлуката за вонредната состојба поради коронакризата, што исто така би дало некаква насока и за тоа дали и кога би се одржале парламентарните избори во земјата

Вицепремиерот во македонската Влада го оцени интересот на еврокомесарот Оливер Вархеји за датумот на избори како внатрешно прашање на Европската Унија, со оглед на добиеното зелено светло за почеток на преговори за членство

Иако Владата формално сè уште не се изјаснила дали е потребна нова вонредна состојбна, според изјавите на претставници на власта извесно е дека ново продолжување ќе нема. Тие тврдат дека е таквата потреба е исцрпена и оти фокусот, според уставните и законските рокови, треба да се стави на продолжување на изборните дејствија и одржување на предвремените парламентарни избори

Лидерот на ДУИ излезе со ваков став на 18 годишнината од основање на партијата што побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер возврати дека тоа е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните