Парламентарните избори во Црна Гора најверојатно ќе се одржат во првата недела од септември, објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на неименувани извори од владејачката коалиција.

„Изборите ќе се одржат најдоцна во првата недела од септември, бидејќи новата влада ја очекува многу работа со државните финансии, чија стабилност е загрозена поради пандемијата на Ковид-19. Мора да се направат резови во јавната администрација, да се извршат важни интервенции во структурите на државните фирми, вклучително и докапитализација и „препакување“ на државните финансии најдоцна до крајот на октомври, а не е фер тоа да го прави Влада чиј мандат е на крај“, истакна неименуван извор.

Владеачката коалиција во Црна Гора во втората половина од јули очекува да добие дозвола од Венецијанската комисија за Изборниот закон кој е во собраниска процедура.