Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Има простор за договор за изборите, медијацијата на Вархеји е добредојдена

0
By Нова ТВ on June 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2020 12:54

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвиана од коронавирусот. Тој сè уште верува дека такви избори се можни на 5 јули и смета дека медијацијата на Вархеји во утврдување на датумот за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

„Мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот што добивме одлука за почеток на преговорите и медијацијата односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи кој е комесар на Унија чиј дел полека стануваме. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски  и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата“, изјави Османи на денешната прес-конфереција во Владата.

Во врска со Уредбата што синоќа ја донесе Владата, а поврзана е со одредени изборни дејствија, Османи истакна дека таа се повикува на претходната Уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

„Тогаш всушност се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба се враќа редовниот изборен рок, што значи 22 дена по завршување на вонредната состојба. Со донесување на вчерашната Уредба всушност направивме само некои прецизирања од аспект на контрола на изборниот список, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски што треба да ги направи Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните лични средства за ДИК. Сè уште се надевам дека комуникацијата помеѓу политичките партии ќе продолжи во идните денови и мислам дека има простор за еден правичен инклузивен процес на 5 јули“, рече Османи.

Дали вонредната состојба ќе биде продолжена, според Османи, ќе се направи проценка во текот на утрешниот ден. Тој не сакаше да прејудицира каква ке биде проценката и одлуката на Владата, само рече дека ќе се направи пресек на епидемиолошките трендови и потоа ќе биде изграден став кој ќе му биде презентиран на претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со рамката за преговори со ЕУ, Османи вели дека според информациите со кои располагаат се разговара за одредбите кои треба да ги содржи новата методологија. Рамката, посочува тој, е исклучително важен документ за преговорите бидејќи во неа се утврдуваат принципите по коишто ќе се раководат преговорите, суштината, меѓутоа и одредени процедури.

„Во моментот се разговара, бидејќи во оваа фаза ја очекуваме драфт верзијата од страна на Комисијата, која потоа треба да оди во телата на земјите членки, односно на Советот во кои се претставниците на државите членки за тие да ги кажат своите позиции и своите интереси. Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија пред се во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговорите“, истакна Османи.

Бујар Османи датум ЕУ избори Медијација Оливер Вархеји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.