Browsing: Јавно обвинителство

Државниот јавен обвинител порачува дека Јавното Обвинителство е подготвено за имплементација на новите одредби од Законот, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна. Но, и дека Обвинителството овојпат нема да ја повтори грешката од минатото во кое, поради непостапување, се формира СЈО

Бојан Јовановски, по претходно добиена дозвола од Кривичниот суд, е спроведен од истражниот затвор во Шутка до Јавното Обвинителство (ЈО) со цел, според најавите, да поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени. Такво нешто тој најави и по изрекување на деветгодишната затворска казна во случајот „Рекет“

Во тој контекст, претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) наведе две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, се добиваат многу брзи одговори што според неа упатува на различни нарачки

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа изрази надеж за надминување на разликите меѓу власта и опозицијата во врска со ЈО. За случајот „Рекет“, рече дека лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за, како што вели, да се испита, на некој начин, дали институциите созреале со реформите што се направени во изминатиот период

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со скандалот со прислушување во Јавното обвинителство посочи дека опремата била инсталирана во 2013 година и оти информацијата ја добиле пролетта преку свои внатрешни извори по што веднаш ги информирале Јавниот обвинител и претседателот на Основниот суд Скопје 1