Маки бегалски: Барателите на азил на грчките острови изгубија надеж и потреба да живеат

Во некои делови од кампот „Морија“, има еден тоалет за 200 луѓе, а на Самос е уште полошо еден за 300 луѓе. Само да ве потсетам дека меѓународните стандарди се еден тоалет за 20 луѓе, вели Христос Христу, меѓународен директор на невладината организација „Доктори без Граници“. Заклучно со 21 ноември 2019, на грчките острови во источниот дел на Егејското Море престојуваат 38.479 бегалци и мигранти, најголемиот број од нив – 18.163 се на Лезбос, а 15.946 се сместени во кампот Морија, кој има капацитет да прими 2.840 лица