Ју-Ес опен: Вандевеј ја спакува Каролина Плишкова

Дваесеттата носителка во четврт-финалето подобра од првата со 7:6, 6:3 за најголем успех во нејзината кариера. Евентуален триумф и на Медисон Киз ќе значи и прв американски квартер на женскиот дел на турнирот по 1981 година кога полуфиналистки беа Трејси Остин, Крис Еверт, Мартина Навратилова и Барбара Потер

Ју-Ес опен: Плишкова „преживеа“, во осминафинале и Дел Потро

Чешката тенисерка спаси меч топка во вториот сет, имаше 0:2 во решавачкиот и спасуваше брејк за 0:3, но успеа да се извлече од непријатната ситуација на „Артур Еш“ и на крајот да слави против кинеската ветеранка, Шуаи Жанг со 3:6, 7:5, 6:4. Шампионот во Њујорк од 2009 година во третото коло подобар од ШШпанецот Баутиста Агут со 6:3, 6:3, 6:4

АТП ранг листа: Надал на врвот по пауза од три години

Шпанецот ја презеде лидерската позиција од Енди Мареј, кој ги пропушти турнирите во Монтреал и во Синсинати, и ја започна 141 недела во кариерата како најдобар светски тенисер. Плишкова остана број еден кај девојките благодарение на триумфот на Мугуруза на Мастерсот во Охајо