Каролина Плишкова е прва полуфиналистка на завршниот ВТА Мастерс во Сингапур што се игра за награден фонд од седум милиони долари. Чешката тенисерка во третото коло славеше со 6:3, 6:4 над сонародничката Петра Квитова која заминува од настанот без добиен меч и со само еден освоен сет.

За втората полуфиналистка од т.н. Бела група ќе решаваат бранителката на титулата Каролина Возњацки од Данска и Елина Свитолина.