Browsing: Килијан Мбапе

Напаѓачот на „триколорите“ остави силен впечаток во воведниот натпревар од нокаут фазата на мундијалот. Покрај двострелот, со леснотија ги надмудруваше и претрчуваше противничките фудбалери и влезе во очи на присутните на „Казањ арена“ уште од самиот почеток на средбата што слободно може да ја прогласиме за „убавица“ на турнирот

По завршување на сезоната, 19 годишниот напаѓач ќе потпише договор со „светците“ до 2022 година и ќе биде втор најскап фудбалер во историјата. Тимот од Монте Карло догодина ќе добие 145 милиони евра и плус уште 35 милиони преку бонуси што богатите арапски газди ќе ги чини вкупно 180 милиони евра

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии на Црногорецот во дрес со бројот 10 што досега беше сопственост на 18 годишниот напаѓач кој, според ТВ „Скај“ ќе оди на едногодишна позајмица во ПСЖ, а „светците“ притоа се обврзале да го откупат неговиот договор наредното лето за 180 милиони евра.

Шпанскиот весник наведува дека „кралевите“ се согласиле да платат 180 милиони евра за 18 годишниот напаѓач од кои 160 милиони веднаш, а 20 милиони преку бонуси. Договорот би се однесувал на шест сезони за неделна плата од 135.000 евра. Тимот од Кнежевството експресно реагираше и преку бритаски „Скај“ порача дека фудбалерот не е продаден

Напаѓачот има одлична сезона зад себе во дресот на Монако и со прикажаните партии го привлече вниманието на голем број фудбалски клубови на стариот континент, но само мал дел од нив може да си дозволат таков луксуз, а „светците“, без сомнение, се меѓу таквите. Интерес за него има и Реал Мадрид, Арсенал и неколку други гиганти во европскиот фудбал

Ако е за верување на шпанската радио станица „Кадена Копе“, тимот од Кнежевството го одбил вториот финансиски напад од „Олд Трафорд“, „Марка“ и „Ас“ пишуваат дека ќе биде нов член на „кралскиот“ клуб. Интерес за 18 годишниот тинејџер и од Барселона, ПСЖ, Јувентус и останатите гиганти од англиската Премиерлига