Browsing: Коронавирус

Од двајцата е земен примерок за тестирање на коронавирус, при што резултатот на Мицкоски е негативен, додека од тестот на Заев се чекаат резултати што ќе бидат познати во текот на денот. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вонредното обраќање од Владата претпладнево кој додаде дека тестовите кај нив се направени по информацијата дека ТВ новинар кој имал интервјуа со нив во текот на минатата недела е позитивен на коронавирусот

Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија, стои во објавениот извештај на Светска банка