Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Мицкоски во задолжителен домашен карантин

0
By Нова ТВ on April 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2020 10:27

Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се наоѓаат во задолжителна домашна изолација. Од двајцата е земен примерок за тестирање на коронавирус, при што резултатот на Мицкоски е негативен, додека од тестот на Заев се чекаат резултати што ќе бидат познати во текот на денот.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вонредното обраќање од Владата претпладнево кој додаде дека тестовите кај нив се направени по информацијата дека ТВ новинар кој имал интервјуа со нив во текот на минатата недела е позитивен на коронавирусот.

„Лидерите на двете најголеми политички парти, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се наоѓаат во задолжителна домашна изолација. По информацијата што ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на ковид-19, кој во текот на минатата недела имаше интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен  Тестот на Христијан Мицкоски е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 ден од последниот контакт со заболениот и во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа дека тој синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивањето на информациите е ставен во домашна изолација. Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментот е на лекување во болницата „8 септември“. Во текот на денот ќе се направат анкети и со точниот наод и бројка на лицата кои ќе одат во самоизолација, ќе еволуираат епидемиолозите“, изјави Филипче од говорницата во Владата.

Филипче најави и редовна прес-конференција во текот на денот на која ќе го соопшти резултатот од тестот на Заев и ќе ги сподели со јавноста најновите информации во врска со коронавирусот во земјава.

Венко Филипче Зоран Заев Изолација Коронавирус тестирање Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.