Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во светот: Заразени над 1,5 милион лица, излекувани 331.132, починати 88.563

0
By Нова ТВ on April 9, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2020 10:26

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.521.030 милион лица кои се заразени со ковид-19 од кои починаа 88.563, а оздравеле 331.132 луѓе.

Бразилскиот министер за здравство Луис Енрике Мандета објави дека обидите на Бразил да се здобијат со медицинска опрема од Кина за борба против коронавирусот не успеале и дека земјата ќе се сврти кон сопственото производство на респиратори.

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди за нов бран на инфекција со коронавирусот во земјата. Иако епидемијата во Кина е под контрола на прв поглед, се повеќе се појавуваат асимптоматски случаи. За само неколку дена, беа регистрирани околу илјада.

Во два големи индиски града, Њу Делхи и Мумбај, од вчера е задолжително да се носат заштитни маски во јавност.

Јужна Кореја забележа најголем дневен пораст на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 за повеќе од шест недели, односно од 20 февруари. Во последните 24 часа има регистрирано 39 нови случаи на инфекција во таа земја.

Околу 286 офицери на бродот „УСС Теодор Рузвелт“, што се вкотви во Гуам, се позитивни за новиот вид на коронавирус. Досега се тестирани повеќе од 90 отсто од екипажот, а 2.329 морнари се пренесени на брегот.

Научниците предвидуваат дека Велика Британија ќе биде најтешко погодената земја во Европа и дека околу 66.000 луѓе ќе починат од компликации поврзани со ковид-19.

Повеќе од еден милион тестови за вирусот ковид-19 се извршени во Русија, соопштија властите.  Во Русија, 8.672 лица се заразени ковид-19, додека 171.000 се под медицински надзор. Досега 63 лица починаа од вирусот.

Задолжителен карантин за лица кои влегуваат во земјава од странство ќе стапи на сила утре во Германија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство ќе мораат да се стават во карантин две недели. Во случај на непочитување на карантин, тие се соочуваат со казна од 150 до 25.000 евра.

биланс Коронавирус Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.