Browsing: Кошарка (м)

До втората титула во својата историја, „фуријата“ стигна по убедливата партија и победа против Аргентина со 95:75 во финалето на мундобаскетот. Со бронзата од Кина замина репрезентацијата на Франција која во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59. Рубио го посвети златото на неговата мајка која почина пред три години, Гасол, пак, се придружи на Ламар Одом со шампионски прстен во НБА и светска титула во иста календарскка година. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Богдановиќ со вкупно 183 постигнати поени

Одлуката за кој вели дека ја донел и пред мундобаскетот ја соопшти на прес-конференцијата по триумфот над Чешка со 90:81. Седма е селекцијата на САД која денеска славеше над Полска со 87:74. Утре (недела) од 10 часот претпладне ќе играат Франција – Австралија за бронзениот медал, а од 14 часот е закажано големото финале меѓу Шпанија и Аргентина  

Квалификациите почнуваат во февруари во 2020 година, првиот меч со Естонците на домашен терен, последниот со Италијанците кои заедно со Германија, Чешка и Грузија се коорганизатори на завршниот турнир

„Фуријата“ има застрашувачки тим со шест НБА играчи и важи за апсолутен фаворит за златото. Дилеми има многу и се однесуваат на можностите на Србија, на Франција, на Германија, на Италија по многу откажувања како последица на пензионирања или повреди. Од сенка ќе демне и Турција и Израел кои полагаат големи надежи во своите состави