Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат и завршуваат дома: Македонските кошаркари против Русија, Италија и Естонија кон ЕП 2021

0
By Нова ТВ on July 22, 2019 СПОРТ
Фото: kfsm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 22, 2019 15:34

Русија, Италија и Естонија се ривали на македонската машка кошаркарска репрезентација во квалификациската група Б за Европското првенство во 2021 година. Со ждрепка на аеродромот во Минхен беа формирани уште седум конкуренции, а во вкупно четири се додадени и коорганизаторите на завршниот турнир – Германија, Италија, Чешка и Грузија кои имаат загарантирано учество. Па, според пропозициите, од тие групи на ЕП 2021 ќе одат по две селекции, а од останатите по три најдобропласирани.

Циклусот ќе се одвива низ три т.н. „прозорци“ по системот „секој со секого – дома и во гости“  Македонскиот национален тим во првото коло (20/21 февруари) ќе игра пред своја публика против Естонија, три дена подоцна (23/24 февруари) ќе отпатува на мегдан кај Русија. Мечевите од третото и четвртото коло се закажани за наредната есен и „црвено-жолтите“ во нив ќе гостуваат на двапати, најпрво во Италија (26/27 ноември), а потоа и во Естонија (29/30 ноември).

Македонските кошаркари ќе финишираат на домашен терен во квалификациите со дуели против Русија (18/19 февруари во 2021 година) и против Италија на 21/22 февруари во 2021 година.

Националниот тим ја почна мисијата за ЕП 2021 од претквалификациите поради драстично паднатиот рејтинг. Но, се издигна, го напушти континенталното дно и стигна до последната филтер фаза до шампионатот по две години, а селекторот Јорданчо Давитков е оптимист дека и таа ќе биде успешно пребродена.

Квалификации за ЕП 2021 во машка конкуренција

Група А: Шпанија, Израел, Полска, Словачка/Кипар/Романија

Група Б: Русија, Италија, Естонија, С. Македонија

Група Ц: Литванија, Чешка, Белгија, Албанија/Белорусија/Данска

Група Д: Хрватска, Турција, Холандија, Шведска

Група Е: Србија, Финска, Грузија/Швајцарија/Португалија/Исланд

Група Ф: Словенија, Украина, Унгарија, Австрија

Група Г: Франција, Германија, Црна Гора, Луксембург/Косово/В. Британија

Група Х: Грција, БиХ, Летонија, Бугарија

Распоред на мечевите на македонските кошаркари во квалификациите за ЕП 2021

Прво коло (20/21 февруари, 2020 година): С. Македонија – Естонија

Второ коло (23/24 февруари, 2020 година): Русија – С. Македонија

Трето коло (26/27 ноември, 2020 година): Италија – С. Македонија

Четврто коло (29/30 ноември, 2020 година): Естонија – С. Македонија

Петто коло (18/19 февруари, 2021 година): С. Македонија – Русија

Шесто коло (21/22 февруари, 2021 година): С. Македонија – Италија

ЕП 2021 Ждрепка квалификации Кошарка (м) С. Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.