Кошаркарите на Работнички и на Блокотехна ќе играат во машкото финале во македонскиот Куп. „Центарци“ во полуфиналето го поразија МЗТ Скопје Аеродром, по две продолженија, со 93:89 (по четвртини: 22:12, 18:21, 20:18, 12:21 – 21:17) и утрешниот меч за титулата ќе биде јубилеен десетти во нивната историја.

Блокотехна, пак, до првото учество во финалните натпревари стигна по триумфот над Гостивар со 92:87 (по четвртини: 20:27, 24:27, 24:19, 24:14).

Машкото финале е попладнево во 17,30 часот додека од 14,30 часот ќе се пресметаат Бадел 1862 и Вардар за Куп титулата во женска конкуренција. Двата меча ќе се одиграат во салата „26 април“ во Гевгелија.