Нови детаљи за смртта на Емилијано Сала: Високо ниво на јаглерод моноксид во крвта

Од британскиот Сектор за истраги на воздушни несреќи е наведено дека во крвта на фудбалерот се откриени високи концентрации на COHb (комбинација на јаглерод моноксид и хемоглобин), јавува агенцијата „Анадолија“. Поголемо ниво од 50 отсто на јаглерод моноксид во организмот се смета за опасно по здравјето на поединецот и може да доведе до напади, губење на свест и срцев удар