Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига на шампиони
„Црвено-црните“ вечерва (19 ч.) на „Сведбанк“ арена гости на шведскиот првак во првиот меч од второто филтер коло
„Соколите“ се домаќини во првата средба на 19 септември, реваншот е два дена подоцна во Талин. Победникот од двомечот, во второто коло ќе игра со унгарска Алба Фехервар. Последен противник до групната фаза во ЛШ е турски Пинар Каршијака
Покрај велшкиот првак, првите пречки ги минаа и екипите на Хибернијанс (Малта), на Линфилд (С. Ирска), на Алашкерт (Ерменија) и на Викингур (Фарски Острови). Од второто коло се приклучува и Вардар кој го очекува двомеч со Малме
Македонскиот фудбалски првак од денеска е во Бад Тацмандорф, утре напладне (12 ч.) ќе дознае против кого ќе игра во второто квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. На проба во екипата е бразилскиот напаѓач Матеус Лима Круз. Екипата ќе работи во некомплетен состав до приклучување на шесте младински репрезентативци на Македонија по настапите на ЕП 2017 во Полска
Покрај четворицата вардарци, во дрим-тимот на Фајналфор турнирот уште Исланѓанецот Палмарсон и Швеѓанецот Нилсен од Веспрем и Данецот Хансен од ПСЖ
Голманот на Вардар, според официјалната статистика на Европската ракометна федерација (ЕХФ), забележа 20 одбрани меѓу кои и два пенала против Барселона и ПСЖ и го понесе МВП признанието на завршиот турнир во Лигата на шампиони
Kапитенот на „црвено-црните“ заврши без постигнат гол на Фајналфор турнирот во Келн, но неговиот придонес во бедемот пред Арпад Штербик беше за чиста десетка против Барселона и против ПСЖ
Хрватските репрезентативци ги зададоа решавачките удар за Барселона во полуфиналето и за ПСЖ во финалето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони и за враќање на Вардар во Скопје со трофеј од Келн
„Црвено-црните“ по голема борба во финалето во Келн го совладаа ПСЖ со 24:23 за најголемиот успех во клупската историја и воопшто на македонскиот машки ракомет. Победоносниот гол беше дел на Иван Чупиќ на три секунди до крајот
Унгарскиот тим ја совлада Барселона со 34:30 во натпревар за третото место на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони. Капитенот на репрезентацијата на Македонија со три гола во утешното финале на „Ланксес арена“
„Црвено-црните“ попладнево (18 ч.) против ПСЖ по трофејот за елитното натпреварување на ЕХФ. Веспрем и Барселона во меч за бронзениот медал од 15,15 часот
Во вечерашното финале на „Милениум“ стадионот во Кардиф, тимот од „Бернабеу“ го декласира Јувентус со 4:1 за вкупно 12. освоен трофеј во елитното натпреварување на УЕФА