Естонски Калев e прв ривал на Карпош Соколи во квалификациите за кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА. Македонскиот вицепрвак е домаќин во првата средба на 19 септември, реваншот е два дена подоцна во Талин.

Победникот од двомечот, во второто коло ќе игра со унгарска Алба Фехервар. Последен противник до групната фаза во ЛШ е турски Пинар Каршијака.

Ако „соколите“ успеат низ сите три пречки, во групната фаза од регуларниот дел на сезоната ќе играат во групата А заедно со Монако (Франција), Хапоел Холон (Израел), Мурсија (Шпанија), Енисеј Краснојарск (Русија), Динамо Сасари (Италија), Олденбург (Германија) и победникот од квалификациските мечеви на Капфенберг (Австрија)/Бенфика (Португалија) – Лукоил (Бугарија) и Јувентус Утена (Литванија).