Browsing: Лина Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка ја оправда фаворитската улога на ИТФ турнирот во Анталија што се играше за награден фонд од 15.000 долари. Таа во финалето беше подобра од финската колешка Уна Орпана со 6:4, 6:7, 6:1

Најдобрата македонска тенисерка во моментот и нејзината партнерка Кристина Дину од Романија ја поразија српско-шпанската комбинација, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез со 4:6, 7:5, 10:7 во финалето на ИТФ турнирот во Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари

Мечот со хрватската тенисерка е закажан за 20 часот, но почетокот ќе зависи од времетраењето на претходните дуели на теренот на кои ќе играат. Подобрата во квалификациското финале ќе игра со победничката од пресметката меѓу Даниеле Лао од САД (236. на ВТА листата) и Швајцарката Кони Перин (148. на ВТА листата). 

Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода). Шпанецот, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната

За најдобрата македонска тенисерка ова ќе биде второ учество на последниот гренслем во сезоната. На Флешинг Медоу дебитира лани кога беше поразена на стартот од Катрин Белис од САД со 0:6, 2:6. Австралијката, пак, за првпат ќе настапи во Њујорк. Нивната пресметка е закажана за попладнево од 17 часот

Македонкиот рекет број еден одлично го почна премиерниот настап во Париз. Со 6:3 го освои првиот сет меѓутоа со идентичен резултат ги загуби наредните два и по час и 41 минута игра беше принудена да ѝ подаде рака на Холанѓанката Кирине Лемон

За најдобриот македонски рекет ова ќе биде трето гренслем искуство по Ју-Ес опен и Австралија опен, прво на париската прашина. На тенискиот комплекс во Париз, според костурот, ќе дебитира во среда. Подобрата во второто коло ќе игра со победничката од дуелот меѓу Каи Ченг Чанг од Кинески Тајпеј и Британката Тара Мур