Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исто како и лани: Ѓорческа загуби во првото коло за Ју-Ес опен

0
By Нова ТВ on August 24, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 24, 2017 03:06

Лина Ѓорческа и оваа година го заврши настапот во квалификациите за Ју-Ес опен уште во првото коло. Австралијката Дестини Ајава, 152 на ВТА листата, овојпат беше подобра од 23 годишната тетовка со 4:6, 6:4, 6:3 во меч што траеше речиси час ипол.

Најдобрата македонска тенисерка одлично почна. Еден брејк во воведниот сет што го направи во петтиот гем ѝ беше доволен за водство со 1:0 по 27 минути игра.

Во ист стил го почна и наредниот, овојпат со брејк веќе во првиот гем за потоа и да го потврди за 2:0. И кога се чинеше дека Ѓорческа се наоѓа пред рутинско приведување на мечот до крај, Ајава возврати со два брејка и со серија од 5:1 стигна до 6:4 за израмнување и вовед во решавачки сет. Моментот на одлука се случи во четвртиот гем. Австралијката направи трет брејк за 3:1 и повеќе не дозволи да биде загрозена.

Ѓорческа и Ајава одиграа натпревар со израмнети статистички показатели. Македонската тенисерка сервираше еден ас повеќе (9-8) и имаше и еден директен поен повеќе (9-8). Двете направија идентичен број двојни сервис грешки (3-3) и неизнудени грешки (3-3).

Нијансата што на крајот натежна на страна на Австралијката беше првиот сервис. Ѓорческа беше прецизна 44 пати од 73 обиди (60 отсто) за разлика од 54 добри топчиња на Ајава од 78 обиди (69 отсто). Речиси исто беше и во однос на освоените поени по прв сервис. Ѓорческа запиша 32 наспроти 43. на тинејџерката од Мелбурн.

Ѓорческа на Флешинг Медоу дебитира лани кога, исто така, беше поразена на стартот од Американката Катрин Белис со 0:6, 2:6.

Ју-Ес опен квалификации Лина Ѓорческа тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.