Browsing: Македонија

Лидерот на СДСМ вчера попладне имаше нова средба со Али Ахмети кој, пак, повтори дека двете страни колку се блиску, толку се и далеку во процесот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини за кршење на Уставот, злоупотреба на позицијата Претседател на држава и најави замрзнување на односите, како и преиспитување на политиките кон институцијата

Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид и резултираа со парафирање на документот на 13 август во претседателската резиденција на Водно. Потпис на Рамковниот договор ставија тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју

Во изминатото деноноќие се направени 1.627 тестирања со позитивни резултати кај 30 лица во Скопје, 20 во Куманово, 19 во Гостивар, 15 во Штип, по осум во Струга и во Кавадарци, по шест во Свети Николе и во Тетово, пет во Кочани, четири во Кичево, по три во Охрид и во Македонски Брод, по две во Дебар, во Битола, во Струмица и во Демир Хисар и по едно лице во Прилеп, во Гевгелија, во Берово и во Делчево

Во изминатото деноноќие се направени 1.885 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица во Скопје, 23 во Штип, 18 во Кичево, 13 во Гостивар, 10 во Куманово, осум во Тетово, шест во Струга, по три во Битола, во Кочани, во Демир Хисар, во Македонски Брод и во Виница, по две во Охрид и во Крива Паланка и по едно лице во Прилеп, во Пробиштип, во Берово, во Кратово и во Свети Николе

Од Министерството за здравство (МЗ) вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките. Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита