Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневните Ковид бројки во Македонија и натаму троцифрени, во светот над 21 милион случаи

0
By Нова ТВ on August 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 16, 2020 10:45

Во вчерашниот извештај за состојбата со Ковид-19 во земјава беа запишани 141 нов случај од направени 2.006 тестирања, четири починати и 93 оздравени. Во исто време на глобално ниво, до вчера, се регистрирани најмалку 21.224.070 милиони инфицирани лица и 760.739 починати.

Од новите 141 новозаболени со коронавирус во земјава, 51 е од Скопје, 19 од Куманово, 16 од Струга, 15 од Штип, по шест од Прилеп и од Тетово, четири од Битола, по два од Велес, од Виница, од Гостивар, од Дебар, од Кичево, од Македонски Брод, од Охрид, од Пробиштип и од Свети Николе и по еден од Берово, од Гевгелија, од Делчево, од Кавадарци, од Неготино и од Радовиш.

Во болнички услови почина четири пациенти – два од Скопје на возраст од 54 години, односно 55 години и по еден од Кавадарци на возраст од 69 години и од Свети Николе на возраст од 70 години. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 93 оздрвени пациенти и тоа од Штип – 33, од Скопје – 25, од Кичево – 11, од Тетово – 10, од Битола – 7, од Велес – 2, од Демир Хисар – 2, од Македонски Брод – 1, од Прилеп – 1 и од Пробиштип – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројот на оздравени пациенти е 9.123, а на починати е 539.

Во моментот во земјава има 2.991 активен случај на Ковид-19 од кои 1.007 во Скопје, 275 во Штип, 266 во Гостивар, 262 во Куманово, 187 во Струга, 152 во Тетово, 106 во Кавадарци, 80 во Охрид, 75 во Битола, 67 во Дебар, 66 во Свети Николе, 49 во Македонски Брод, 41 во Виница, 37 во Прилеп, 34 во Кочани, 32 во Демир Хисар, 28 во Велес, 20 во Струмица, 19 во Пробиштип, 11 во Неготино, 10 во Гевгелија, по девет во Радовиш и во Ресен, осум во Берово, пет во Крива Паланка, по три во Делчево и во Кратово и по два во Валандово, во Крушево и во Пехчево.

До вчера на Инфективната клиника во Скопје вкупно беа хоспитализирани 78 пациенти од кои 41 добиваат кислородна поддршка, а ниту еден нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти и шест деца позитивни на вирусот, а во ГОБ „8 септември“ се лекуваат 75 пациенти од кои четири се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, а во болницата во Штип 43. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 118 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

До вчера во светот беа регистрирани најмалку 21.224.070 милиони случаи на инфицирани од коронавирусот во 196 земји и територии, досега се оздравени 12.988.000 милиони, а починале најмалку 760.739 лица.

Поради новиот бран на коронавирусот, напорите за борба против инфекцијата се удвоени низ целиот свет, а многу земји воведоа и дополнителни ограничувања. По олеснувањето на мерките во почетокот на летото, многу земји сега воведуваат задолжително носење заштитна маска дури и на отворено. Во Брисел, од средата е задолжително носење маска, додека во Париз од вчера е проширен списокот со окрузи каде што мора да се носат маски.

Велика Британија вчера воведе 14 дневен карантин за патниците од Франција, од Холандија и од Малта, одлука што е донесена на помалку од еден месец по олеснување на рестриктивните мерки.

биланс Ковид-19 Македонија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.