Browsing: Македонија

За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но и ниски утрински температури со умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во благ пораст, а од средината на наредната седмица ќе има и позначително зголемување

Македонската репрезентација ја исполни основната мисија, ја мина и втората претквалификациска рунда и по повеќе од две години пауза се враќа во главна ждрепка за завршен континентален турнир. Романија славеше во Плоешти со 65:53 (по четвртини: 15:16, 19:13, 12:10, 19:14), разлика што на крајот, сепак, е во прилог на „црвено-жолтите“ за освојување на првото место во групата Б

Во последното коло во рамки на групата Ц, националниот тим ја совлада Албанија со 3:2. На стартот беше совладана Грција со 5:3, во второто и Сан Марино со 7:0. Главната квалификациска фаза за мундијалот е од 22 до 27 октомври. Македонски ривали во неа ќе бидат селекциите на Украина, на Словенија и на Косово. Домаќин на турнирот е Украина

На адреса на најголемата опозициска партија се пристигнати осум апликации од пет се чуваат во тајност. Сите ќе бидат „чешлани“ од комисија чие заседавање е најавено за викендот со задача да утврди дали пријавените ги исполнуваат условите. Оние кои ќе минат на комисиски филтер ќе добијат шанса за промоција во општинските ограноци пред, конечно, да побараат доверба и од 530. партиски делегати на најавениот Конгрес во Струга

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел, во присуство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дваесет и деветте амбасадори на земјите- членки ќе го потпишат протоколот по што Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати“ на северноатлантскиот совет

Националниот тим под водство на Иван Божовиќ го декласира аутсајдерот од Апенините во групата Ц со 7:0 и го задржа првото место на табелата пред неделните мечеви од последното коло што ќе имаат формален карактер со оглед дека и Албанија го мина ова скалило од мундијалските квалификации

Избраниците на Иван Божовиќ го совладаа јужниот сосед со 5:3 и на најдобар можен начин ги најавија амбииците за лидерската позиција на табелата во групата Ц. Утревечер од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, националниот тим на мегдан со Сан Марино, три часа претходно ќе играат Грција и Албанија