Browsing: Македонија

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Земјава ќе биде под влијание на топла воздушна маса од четврток до средина на наредната недела за што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе со препораки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и на отворено согласно Законот за заштита и спасување

Кодомаќини на ЕП 2020 се Австрија, Шведска и Норвешка, шампионатот ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 26 јануари. Завршниот викенд на ЕП 2020 е планиран во „Теле2 арена“ во Стокхолм, што впрочем е фудбалски стадион со капацитет од 22.000 седишта

Поранешниот премиер му одговори на актуелниот за начинот на кој побегна од државата во Унгарија каде побара и доби азил од тамошните власти. Собранието на почетокот на неделата ја констатира неговата оставка на функцијата пратеник, а попладнево преку својот Фејсбук профил напиша дека никогаш не му паднало на памет да влегува во багажник за какви било цели

Во него се вели дека приливот на странски директни инвестиции во земјава е зголемен за 260 проценти, односно од 205 милиони долари во 2017 година, инвестициите годинава се зголемени за три пати и изнесуваат рекордни 737 милиони долари

Францускиот амбасадор ја испрати пораката за време на отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива“ во организација на Европското движење и Фондацијата „Конрад Аденауер“

„Црвено-жолтите“ ја совладаа Турција со 26:25 и го презедоа врвот во групата 3 во квалификациите за завршниот турнир во Шведска, Австрија и Норвешка во јануари догодина. До крајот на циклусот уште и мечот со Грција на 16 јуни во Струмица

По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати Арнаутовиќ, по еднаш за Австријците погодија Лазаро и Лајмер со помош на Бејтулаи, почесниот за „црвено-жолтите“ беше дело на Хинтерегер. Наредниот меч за македонскиот националниот тим е во Израел на 5 септември