Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Марија Шарапова
Моментно водечкиот тенисер на АТП листата имаше „тренинг“ натпревар во првото коло против Уго Делиен од Боливија над кого славеше 6:2, 6:3, 6:0, а, пак, најдобрата хрватска тенисерка Дона Векиќ беше кобна за Шарапова над која триумфира со 6:3, 6:4
Партнерот на Шарапова е коосновач на аукциската куќа „Педл Ејт“ (Paddle8) која се етаблира како специјализирана за продажба на уметнички дела, постојано е во друштво на британскиот џет-сет и близок пријател е со принцевите Хари и Вилијам. Важи за голем русофил е, одлично го говори рускиот јазик и вљубеник е во руската литература
Анонимната Американка, Даниел Роуз Колинс во осминафиналето ја декласира Германката, која беше втора носителка на турнирот, со 6:0, 6:2, Ешли Барти, пак, во три сета (4:6, 6:1, 6:4) ја елиминира Русинката.
Русинката славепе над бранителката на титулата со 6.4, 4:6, 6:3 и во осминафиналето ќе игра со Ешли Барти. Нови беспрекорни настапи на Рафаел Надал и на Роџер Федерер. Шпанецот во третото го совлада Алекс де Минаур со 6.1, 6:2, 6:4 додека Швајцарецот во три сета (6:2, 7:5, 6:2) беше подобар од Американецот Фриц
Роберто Баутиста Агут го доби четиричасовниот маратон против поранешниот светски рекет број еден со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2 за кого ова можеби е последен настап на првиот гренслем во сезоната поради неподносливите болки во колкот. Најави дека можеби ќе оди на нова, покомплицирана, операција што, сепак, нема гаранции дека повторно би можел да заигра на највисоко ниво. Русинката без загубен гем ја „исчисти“ Британката Хариет Дарт
Американката со 7:6, 6:4 ја елиминира Кристина Плишкова од Чешка, Белорусинката, пак, загуби од Синијакова со 5:7, 5:7
Русинката по речиси два и пол часа игра и десет спасени брејк топки ја елиминира Алисон Риске од САД со 4:6, 6:3, 6:2. Осминафиналето, пак, беше недостижна фаза за шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко
Весникот „Тајмс оф Индија“ најавува дека популарната Маша би можела да се најде на листата на обвинети во проектот за изградба на станбени згради наречен „Балет Шарапова“ што требаше да заврши во 2016 година, но неговата реализација сè уште не е почната
Русинката во финалето во Кина ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со 7:5, 7:6. Поранешната прва дама на светскиот тенис имаше големи негативи во двата сета. Во првиот со 1:4, во вториот и со 1:5, но собра сили за пресврт и голема победа на крајот и за 36 трофеј во кариерата
Летонската тенисерка, која во Њујорк е рангирана како 16 носителка, а на ВТА листата е на 146 место, во четвртото коло ја совлада фаворизираната Русинка со 5:7, 6:4, 6:2 и за место во полуфинале ќе игра против Слоун Стивенс од САД
Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци
Руската тенисерка призна дека утеха за време на 15 месечната суспензија нашла во чашката и добрите забави. На ВТА турот се враќање во Штутгарт кон крајот на април што ќе биде прв нејзин настап по Австралија опен во 2016 година