Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тазе мајки на Ролан Гарос: С. Вилијамс во второ коло, Азаренка во аут

0
By Нова ТВ on May 29, 2018 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 29, 2018 22:57

Две одлични тенисерки и воедно две тазе мајки со променлив ефект на стартот на Ролан Гарос. Серена Вилијамс останува во костурот на женскиот турнир во Париз додека Викторија Азаренка го заврши настапот при првото излегување на терен.

Американката која е најуспешна во историјата на тениската игра во првото коло славеше над Кристина Плишкова со 7:6. 6:4 и во второто ќе игра против Австралијката Ешли Барти која на отвореното првенство на Франција настапува како 17. носителка.

Покрај триумфот, легендарната Серена Вилијамс привлече внимание врз себе и поради вишокот на килограми со кои пристигна во Градот на светлината. Но, и поради необичната комбинација инспирирана од супехероината „Црн пантер“ за што даде и објаснување по мечот.

„За сите мајки кои минале низ тешка бременост и кои мора да минат низ сè и сешто за повторно да бидат она што биле, да бидат на сто отсто и кои верувале во себе. Тоа претставува мојата гардероба овде“, истакна 36. годишната Серена Вилијамс.

Ова за неа е прв гренслем настап по порорувањето во септември во минатата година. Сопственичката на 23. трофеи од турнирите од големата четворка за последен пат се појави на Австралија опен лани каде ја покори конкуренција.

Фото: rolandgarros.com

Азаренка, пак, не успеа да опстане на Ролан Гарос. Загуби уште во првото коло од Катерина Синијакова од Чешка со 5:7, 5:7.

Мугуруза ја совлада Кузнецова со 7:6, 6:2 во дуелот на двете поранешни шампионки на Ролан Гарос, а до второто коло се проби и Марија Шарапова по победата над Холанѓанката Хогенкамп со 6:1, 4:6, 6:3.

Настапот во Париз заврши за две од топ 10 носителките.  Украинката Козлова го елиминира петтиот женски рекет на турнирот, Јелена Остапенко од Летонија со 7:5, 6:3 додека Ванг од Кина беше подопбра од Венус Вилијамс (9 носителка) со 6:4, 7:5.

Надал со 80. победа на Ролан Гарос

Изненадувања од таков тип нема на машкиот дел од Ролан Гарос. Десетте најдобро рангирани тенисери на турнирот се пласираа во втората рунда, осум од нив без загубен сет. За одбележување меѓу нив е Рафаел Надал кој против Симоне Болели од Италија ја прослави 80. победа на гренслемот во кариерата.

Фото: rolandgarros.com

Моментно водечкиот на АТП листата славеше со 6:4, 6:3, 7:6 и во второто коло ќе се сретне со Пелја од Аргентина. Сет не загубија ниту Александар Зверев, Мартин Чилиќ, Григор Димитров, Доминик Тим, Кевин Андерсон и Џон Изнер. По еден загубија Дел Потро и Карењо Буста, Гофан, пак, мора да одигра маратон за второ коло. Максимален триумф на стартот и за Новак Ѓоковиќ против Дутра Силва од Бразил (6:4, 6:4, 6:4).

Резултати од 1 коло на Ролан Гарос

ЖЕНИ

Возњацки (2., Данска) – Колинс (САД) 7:6, 6:1

Мугуруза (3., Шпанија) – Кузнецова (Русија) 7:6, 6:2

Свитолина (4., Украина) – Томљановиќ (Австралија) 7:5, 6:3

Козлова (Украина) – Остапенко (5., Летонија) 7:5, 6:3

Ка. Плишкова (6., Чешка) – Крејчикова (Чешка) 7:6, 6:4

Гарсија (7., Франција) – Дуан (Кина) 6:1, 6:0

Квитова (8., Чешка) – Сепеде Ројг (Парагвај) 3:6, 6:1, 7:5

Ванг (Кина) – В. Вилијамс (9., САД) 6:4, 7:5

Стивенс (10., САД) – Рус (Холандија) 6:2, 6:0

Гергес (11., Германија) – Цибулкова (Словачка) 6:4, 5:7, 6:0

Кербер (12., Германија) – Бартел (Германија) 6:2, 6:3

Киз (13., САД) – Викери (САД) 6:3, 6:3

Касаткина (14., Русија) – Канепи (Естонија) 6:4, 6:1

Вандевеј (15., САД) – Зигмунд (Германија) 6:4, 6:4

Мертенс (16., Белгија) – Лепченко (САД) 6:7, 7:6, 6:0

Барти (17., Австралија) – Вихљанцева (Русија) 6:3, 6:1

Бертенс (18., Холандија) – Сабаленка (Белорусија) 6:2, 6:1

Рибарикова (19., Словачка) – Кумхум (Тајланд) 6:3, 6:0

Дуке Марино (Колумбија) – Севастова (20., Летонија) 4:6, 6:1, 6:3

Осака (21., Јапонија) – Кенин (САД) 6:2, 7:5

Путинцева (Казахстан) – Конта (22., В. Британија) 6:4, 6:3

Суарез Наваро (23., Шпанија) – Коњух (Хрватска) 6:0, 6:1

Гаврилова (24., Австралија) – Кирстеа (Романија) 4:6, 7:6, 6:3

Контавеит (25., Естонија) – Бренгл (САД) 6:1, 4:6, 6:2

Стрицова (26., Чешка) – Нара (Јапонија) 1:6, 6:3, 6:4

Жанг (27., Кина) – Кучова (Словачка) 6:0, 7:5

Шарапова (28., Русија) – Хогенкамп (Холандија) 6:1, 4:6, 6:3

Петковиќ (Германија) – Младеновиќ (29., Франција) 7:6, 6:2

Пављученкова (30., Русија) – Херцог (Словенија) 6:4, 7:6

Бузарнеску (31., Романија) – Кинг (САД) 6:3, 6:3

Корне (32., Франција) – Ерани (Италија) 2:6, 6:2, 6:3

МАЖИ

Надал (1., Шпанија) – Болели (Италија) 6:4, 6:3, 7:6

А. Зверев (2., Германија) – Беранкис (Литванија) 6:1, 6:1, 6:2

Чилиќ (3., Хрватска) – Дакворт (Австралија) 6:3, 7:5, 7:6

Димитров (4., Бугарија) – Сафат (Египет) 6:1, 6:4, 7:6

Дел Потро (5., Аргентина) – Мау (Франција) 1:6, 6:1, 6:2, 6:4

Андерсон (6., Ј. Африка) – Лоренци (Италија) 6:1, 6:2, 6:4

Тим (7., Австрија) – Ивашка (Белорусија) 6:2, 6:4, 6:1

Гофан (8., Белгија) – Хасе (Холандија) 4:6, 4:6, 6:4, 6:1, 6:0

Изнер (9., САД) – Рабин (САД) 6:3, 7:6, 7:6

Карењо Буста (10., Шпанија) – Ковалик (Словачка) 4:6, 6:1, 7:5, 7:6

Шварцман (11., Аргентина) – Амери (Франција) 6:1, 6:3, 6:1

Квери (12., САД) – Тифо (САД) 6:1, 6:2, 7:6

Баутиста Агут (13., Шпанија) – Истомин (Узбекистан) 6:2, 6:7, 1:6, 6:4, 6:4

Зоп (Естонија) – Сок (14., САД) 6:7, 6:2, 4:6, 7:6, 6:3

Пуј (15., Франција) – Медведев (Русија) 6:2, 6:3, 6:4

Едмунд (16., В. Британија) – Де Минар (Австралија) 6:2, 6:4, 6:3

Фоњини (18., Италија) – Андухар (Шпанија) 6:4, 6:2, 6:1

Нишикори (19., Јапонија) – Жанвие (Франција) 7:6, 6:4, 6:3

Ѓоковиќ (20., Србија) – Дутра Силва (Бразил) 6:4, 6:4, 6:4

Чориќ (Хрватска) – Колшрајбер (22., Германија) 6:3, 3:6, 6:3, 6:4

Гарсија Лопез (Шпанија) – Вавринка (23., Швајцарија) 6:2, 3:6, 4:6, 7:6, 6:3

Шаповалов (24., Канада) – Милман (Австралија) 7:5, 6:4, 6:2

Џонсон (САД) – Манарино (25., Франција) 7:6, 6:2, 6:2

Џумхур (26., БиХ) – Кудла (САД) 6:4, 6:2, 6:2

Гаске (27., Франција) – Сепи (Италија) 6:0, 6:2, 6:2

Стаховски (Украина) – Лопез (28., Шпанија) 6:2, 6:4, 6:2

Гулбис (Летонија) – Милер (29., Луксембург) 2:6, 6:4, 6:4, 6:3

Вердаско (30., Шпанија) – Нишиока (Јапонија) 6:7, 6:4, 6:3, 6:7, 7:5

Вињолас (31., Шпанија) – Кукушкин (Казахстан) 7:6, 6:4, 6:1

Монфис (32., Франција) – Беншетри (Франција) 3:6, 6:1, 6:2, 6:1

Викторија Азаренка Марија Шарапова Ролан Гарос Серена Вилијамс тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.