Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија опен: Мареј во солзи се збогува со Мелбурн, Шарапова моќно до второ коло

0
By Нова ТВ on January 14, 2019 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 14, 2019 15:36

Енди Мареј во солзи го напушти Мелбурн. Британецот е елиминиран во првото коло на Австралија опен, турнир на кој веројатно настапи за последен пат во кариерата поради неподносливите болки во колкот. Роберто Баутиста Агут го доби четиричасовниот маратон против поранешниот светски рекет број еден со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2 и во наредното ќе игра со домашниот тенисер Џон Милман кој со 3:1 (по сетови 6:3, 3:6, 7:6, 6:2).

„Можеби повторно ќе се видиме. Ќе се обидам, ќе сторам се што е во моја моќ. Ако сакам повторно да играм, ќе морам на нова комплицирана операција, но гаранции нема. Ќе дадам максимум од себе“, порача Мареј на прес-конференцијата по мечот во која се бореше да ги совлада солзите.

Покрај овации од трибините и неколкуминутен аплауз по дуелот со Баутиста Агут, Британецот доби поддршка од најголемите пријатели, но и ривали на АТП турот. Преку видео пораки се обратија Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Ник Кирјос, Александар Зверев, итн. Но, состојбата со Мареј не е нималку добра. Пред него е понуда за нов хируршки зафат што и самиот го најави како опција, а секој нареден турнир дотогаш на кој ќе настапи би можел да биде последен за него во кариерата. Ако, сепак, се реши повторно да оди под нож го очекува нова долга пауза, процес на рехабилитација, враќање на тренинзи, но проблеми е што, како и лично вели, не постојат гаранции дека ќе може повторно да игра на највисоко ниво.

Надал и Федерер почнаа со загревање во Мелбурн. Шпанецот на стартот го елиминира Австралиецот Дакворт со 6:4, 6:3, 7:5 додека Швајцарецот во три сета (6:3, 6:4, 6:4) беше подобар од Истомин од Узбекистан.

Фото: ausopen.com

Марија Шарапова на импресивен начин влезе во женскиот дел на гренслемот. Русинката без загубен гем (6:0, 6:0) ја „исчисти“ Британката Хариет Дарт. Но, сепак, беа присутни изненадувања меѓу дамите. Грчката тенисерка ја порази Летонката Јелена Остапенко, освојувачка на Ролан Гарос од 2017 година, со 6:1, 3:6, 6:2, а преку првото коло не успеа ниту 14 носителка, Јулија Гергес од која подобра беше Американката Даниел Роуз Колинс која на крајот славеше со 2:6, 7:6, 6:4.

Австралија опен, 1 коло

Мажи

Надал (2., Шпанија) – Дакворт (Австралија) 6:4, 6:3, 7:5

Федерер (3., Швајцарија) – Истомин (Узбекистан) 6:3, 6:4, 6:4

Андерсон (5., Ј. Африка) – Манарино (Франција) 6:3, 5:7, 6:2, 6:1

Чилиќ (6., Хрватска) – Томиќ (Австралија) 6:2, 6:4, 7:6

Опелка (САД) – Изнер (9., САД) 7:6, 7:6, 6:7, 7:6

Качанов (10., Русија) – Гојовчик 3:6, 6:3, 6:4, 6:3

Бердих (Чешка) – Едмунд (13., В. Британија) 6:3, 6:0, 7:5

Циципас (14., Грција) – Беретини (Италија) 6:7, 6:4, 6:3, 7:6

Шварцман (18.,. Аргентина) – Молекер (Германија) 6:1, 6:3, 4:6, 6:0

Басилашвили (19., Грузија) – Јубанкс (САД) 6:4, 4:6, 7:6, 6:3

Димитров (20., Бугарија) – Типсаревиќ (Србија) 4:6, 6:3, 6:1, 6:4

Баутиста Агут (22., Шпанија) – Мареј (В. Британија) 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2

Вердаско (26., Шпанија) – Кецмановиќ (Србија) 7:6, 6:3, 6:3

Де Минаур (27., Австралија) – Соуза (Португалија) 6:4, 7:5, 6:4

Монфилс (30., Франција) – Џумхур (БиХ) 6:0, 6:4, 6:0

Сепи (Италија) – Џонсон (31., САД) 6:4, 4:6, 6:4, 6:3

Жени

Кербер (2., Германија) – Херцог (Словенија) 6:2, 6:2

Возњацки (3., Данска) – Ван Ијтванк (Белгија) 6:3, 6:4

Стивенс (5., САД) – Таунсенд (САД) 6:4, 6:2

Квитова (8., Чешка) – Рибарикова (Словачка) 6:3, 6:2

Бертенс (9., Холандија) – Риске (САД) 6:3, 6:3

Забаленка (11., Белорусија) – Калинскаја (Русија) 6:1, 6:4

Колин (САД) – Гергес (14., Германија) 2:6, 7:6, 6:4

Барти (15., Австралија) – Кумхум (Тајланд) 6:2, 6:2

Гарсија (19., Франција) – Понше (Франција) 6:2, 6:3

Контавеит (20., Естонија) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:3, 6:2

Сакари (Грција) – Остапенко (22., Летонија) 6:1, 3:6, 6:2

Цуренко (24., Украина) – Александрова (Русија) 6:4, 7:6

Векиќ (29., Хрватска) – Младеновиќ (Франција) 6:2, 6:4

Шарапова (30., Русија) – Дарт (В. Британија) 6:0, 6:0

Мартиќ (31., Хрватска) – Вотсон (В. Британија) 6:1, 6:2

Путинцева (Казахстан) – Стрицова (32., Чешка) 6:4, 7:6

Австралија опен Енди Мареј Марија Шарапова тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.