Browsing: Мешков Брест

Вардар ремизира кај Мешков Брест (31:31) во деветтото коло во групата А во Лигата на шампиони. Бод за „црвено-црните“ осигура Кристијан Дизингер во завршните секунди од средбата. Во наредното коло, на 2 декември, во Скопје ќе гостува Кјелце

Вардар го совлада Мешков Брест со 30:23 во шестото коло од групата А во ракометната Лига на шампиони. Игор Карачиќ постигна 11 гола за „црвено-црните“ кои наредниот викенд (недела, 17 ч.) ќе бидат домаќини и на Барселона

„Црвено-црните“ ја прокоцкаа првата меч топка за врвот во групата Б. Мешков Брест ги совлада со 30:26 и ги испрати на поправен против Кристијанштад во недела во Скопје. Кристопанс и Остроушко дадоа по 8 гола за белорускиот првак, Чупиќ и Карачиќ по пет за македонскиот

Со евентуален триумф против Мешков Брест попладнево (17.30 ч.), „црвено-црните“ ќе имаат три бода повеќе од Рајн Некар Левен и на коло до крајот ќе го осигураат првото место во групата Б за директен пласман во четврт-финале

Летонскиот репрезентативец со своите, кошаркарски, 213 сантиметри е највисок играч во ЛШ. Со македонскиот првак потпиша тригодишен договор. Игра на позиција на десен бек и во Скопје доаѓа како замена за Душебаев