Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардаровата виза за четврт-финале, сепак, е Кристијанштад

0
By Нова ТВ on March 4, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 4, 2017 21:52

Вардар го доживеа првиот пораз во сезоната од Мешков Брест кога најмалку требаше. Белорускиот првак го победи македонскиот со 30:26 (полувреме 15:13) во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ и покрај поразот остануваат лидери во Б конкуренцијата со бод предност пред Рајн Некар Левен и доколку во последното коло го совладаат Кристијанштад на домашен терен ќе обезбедат директно место меѓу осумте најдобри.

Освен во воведната третина на мечот, период во кој „црвено-црните“ беа во водство, а Штербик добар меѓу стативите, главниот збор во останатите 40-тина минути го имаа домашните играчи. Во последните десетина минути од првиот дел ја презедоа контролата врз семафорот и докрај не ја испуштија на што, во прилог, им беше и расположениот голман.

Во мозаикот на Мешков Брест се поклопија многу работи што максимално беа искористени. Од изданието на голманот Пешиќ, преку играта во одбрана, реализацијата, па ако сакате и противникот. Вардарци можеби ја потценија ситуацијата понесени од триумфот на Целје и фаворитската улога што ја носеа и како лидери во групата, но и од позитивниот биланс во меѓусебните средби.

Кристопанс, кој од наредната сезона ќе игра во дресот на Вардар, и Остроушко постигнаа по осум гола и беа најефикасни на натпреварот, Чупиќ и Карачиќ реализизираа по пет за тимот на Раул Гонзалез кој ја пропушти првата меч топка за врвот на табелата. Останува поправниот испит пред своја публика во недела во СЦ „Јане Сандански“ против шведскиот состав кој денеска, на домашен терен, приреди изненадување против европскиот првак Кјелце (29:25).

Мешков Брест – Вардар 30:26 (15:13)

Спортски комплекс „Викторија“ во Брест. Гледачи: 3.500. Судии: Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ од Србија.

Мешков Брест: Пешиќ, Чарапенка, Мијатовиќ, Рутенка 3, Јашчанка 3, Бабичев, Кулак 7, Кристопанс 8, Јурњок, Стојковиќ 1, Шумак, Вукиќ, Продановиќ, Разгор, Остроушко 8, Шилович. Тренер: Сергиј Бебешко.

Седмерци: /. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 10.

Вардар: Штербик, Ангелов, Стоилов, Недановски, Македа 1, Деревен, Карачиќ 5, Душебаев 3, Абутовиќ, Кањалјас 1, Циндриќ 2, Чупиќ 5, Дибиров 4, Шишкарев 2, Борозан 1, Марсениќ 2. Тренер: Раул Гонзалез

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 9.

Лига на шампиони

Група А, 13. коло

Фленсбург – Силкеборг 26:24

Шафхаузен – Веспрем 27:28

Висла Плоцк – ПСЖ (недела, 18 ч.)

Кил – Барселона (недела, 19.45 ч.)

Група Б, 13 коло

Мешков Брест – Вардар 30:26

ПИК Сегед – ППД Загреб 26:21

Кристијанштад – Кјелце 29:25

Целје – Рајн Некар Левен 37:31

Табела: Вардар 18, Рајн Некар Левен 17, Кјелце 16, ПИК Сегед 15, Мешков Брест 14, Целје 9, Кристијанштад 8, ППД Загреб 7.

Вардар Лига на шампиони Мешков Брест ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.