Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Металург
Тимот од Автокоманда во финалето на Фајналфор турнирот во Куманово ги совлада „црвено-црните“ на пенали со вкупни 33:32. Мечот во основниот дел заврши 29:29, на полувреме беше 12:16 за вардарци. Во женското финале, кумановски го поразија ЖРК Вардар со 24:22
Ракометарите на Метакург загубија во СЦ „Борис Трајковски“ со 29:33 (полувреме 12:15) од Силкеборг и со само една победа во групата Ц ќе патуваат во Прешов кај тимот на Татран во последното коло во Лигата на шампиони на ЕХФ
Турскиот претставник го совлада тимот од Автокомадна со 23:22 (12:12) во рамки на осмото коло во групата Ц. Вечерва од 19 часот во „Блауграна“, Вардар ѝ гостува на Барселона во дербито на групата А
Тимот од Букурешт допатува со осум ракометари и двајца голмани, но успеа да слави над металурзи со 29:28 во осмото коло во регионалното натпреварување
„Црвено-црните“ во мечот за титулата на „Женска плажа“ во Струга го совладаа Металург со 33:24 (полувреме 16:10)
Спортинг го совлада тимот од Автокоманда со 31:27 во меч што, освен престиж, немаше значење за конечниот изглед на табелата во Д конкуренцијата
Украинскиот состав со триумфот со 30:22 ја оправда фаворитската улога во ВИП арената „Борис Трајковски“ оставајќи го македонскиот вицепрвак без трошка надеж за победничко збогување со своите навивачи на европската сцена
Бешикташ го совлада македонскиот вицепрвак со 32:29 и, речиси, го исфрли од игра за пласман во наредната фаза во елитното натпреварување на ЕХФ
Тимот од Автокоманда го совлада рускиот претставник со 32:26 во меч од петтото коло во Д конкуренцијата за втора победа во сезоната, прва на гостински терен. Халил Јагањац со девет гола беше најефикасен играч на средбата, шест додаде Жарко Пешевски колку и Санталов како прв стрелец кај поразената екипа
Металург го положи оружјето и во вториот настап во групата Д во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак овојпат согоре во сопствениот погон и загуби на домашен терен од Бешикташ со 27:31 (полувреме 14:14). Шанса за прва победа ќе се бара наредниот викенд (сабота, 17,30 ч.) во Скопје против Спортинг Лисабон
Охриѓани ќе играат со КРАС Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ, битолчани против Гранитас од Литванија во машкиот Челинџ куп, а во женското издание на натпреварувањето девојките на Металург против Малага, а кумановки со Лублин
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот за новата сезона во елитното натпреварување. Гостувањето на шампионот во Полска е закажано меѓу 13 и 17 септември. Металург, пак, својата премиера во групата Д ќе ја има во Франција против Монпелје