Browsing: Милан

„Росонерите“ и „нероазурите“ забележаа победи со 3:0 против Кротоне, односно, Фиорентина, римјаните со 1:0 ја поразија Аталанта во Бергамо во воведното коло од новата сезона во фудбалскиот шампионат во Италија

По два гола за „росонерите“ постигнаа Андре Силва (13 минута и 28 минута) и Рикардо Монтоливо (25 минута и 85 минута), по еднаш Захов го совладаа и Фабио Борини во 67 минута и Лука Антонели во 69 минута во првиот плеј-оф меч за Лига Европа за формален реванш по седум дена во Скопје

Македонскиот фудбалски вицешампион по повеќе од двочасовен чартер лет од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се спушти на „Малпенса“ и со нетрпение ќе одбројува до претстојниот настап на „Сан Сиро“ против италијанскиот и европски гигант Милан во плеј-офот за Лига Европа (ЛЕ)

„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“

Аргентинецот Лукас Билја ги мина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор со „росонерите“ кои посакуваат уште еден напаѓач за што во нивниот радар се Андреа Белоти од Торино и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд

Репрезентативниот стопер ќе има фиксна годишна плата од 7,5 милиони евра во наредните четири години плус бонуси во висина од два милиона евра што ќе стојат на располагање. Ако успее да ги исполни условите, тогаш ќе заработува 10 милиони по сезона со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А

Трансферот на репрезентативниот стопер на „азурите“, според медиумите, е вреден 40 милиони евра. По сезона ќе заработува 6,5 милиони и ќе биде нов капитен на „росонерите“. Во текот на денешниот ден е најавен да отпатува во Кина каде се подготвува екипата и да парафира четиригодишен договор

Турскиот интернационалец е шесто летно засилување за „росонерите“ по Борини, Мусачо, Кеси, Силва и Родригез. Неговиот трансфер во тимот од „Сан Сиро“ е тежок 20 милиони евра и дополнителни четири во вид на бонуси

Досегашниот менаџер на „милионерите“, според дел од германските медиуми, заминува од „Сигнал Идуна парк“ со отштета од 2,9 милиони евра. Разделбата ја потврди и Ханс-Јоаким Вацке, извршен директор на клубот. „Росонерите“ ја продолжуваат со тренерот што ги водеше во оваа сезона до летото во 2019 година